Виртуелен состанок по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со aмериканските катчиња во Македонија ќе организира виртуелен состанок со група експерти каде ќе се дискутираат креативни начини за борба против корупцијата.

Виртуелниот состанок, што ќе се оддржи вечер во 18:00 часот, е дел од активностите на Амбасадата на САД, што имаат за цел да ја подигнат свеста за прашања поврзани со корупцијата, за ефектите на корупцијата врз демократските институции, како и за тоа колку е важно властите да бидат одговорни пред граѓаните.

Настанот во Американското катче во Скопје ќе го отвори амбасадорот на САД, Џес Бејли. Виртуелниот состанок ќе содржи 30-минутна презентација и панел дискусија, по што ќе следи сесија на прашања и одговори со учесниците во панел дискусијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *