Државниот секретар Димов на состанок со висока делегација на ЕУ

Европската перспектива на Македонија, процесот на спроведување на внатрешните реформи и добрососедските односи ќе бидат теми на состанокот на д ржавниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски со висока делегација на Европската унија, предводена од заменик-генералниот секретар надлежен за заедничка безбедносна и одбранбена политика во Европската служба за надворешни работи Педро Серано.

Состанокот ќе се одржи денеска во 16 часот во просториите на МНР.

Исто така, се очекува да се разменат мислења и информации во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и учеството на нашата земја во оваа област, како и за активностите и соработката во борбата против тероризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *