Македонија и Грција ќе работат на зголемување на капацитетите за пренос на струја

Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО и грчкиот електропреносен систем опратор АДМИЕ ќе работат на опциите за да ги зголемат прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија со што ќе ја олеснат трговијата со електрична енергија и ќе ја зголемат сигурноста во работењето на соседните системи.

Ова го заклучија генералните директори на двете компании Сашо Василевски и Манос Манусакис на официјална билатерална средба меѓу двата систем оператора одржана денеска во Атина, прва по 2007 година.

На средбата, информираат од МЕПСО, беше констатирано дека приоритет на двете земји е зголемување на далукуводните капацитети за пренос на електрична енергија.

– Заради тоа во најскоро време ќе се формираат работни групи кои на техничко ниво ќе понудат решенија за зголемување на капацитетите, а ќе се избере најповолно решение за двата система кое ќе биде одобрено од менаџментите на двете компании. Овој проект финансиски може да биде поддржан од двете земји или од фондови на Европската унија, велат од МЕПСО.

На средбата, додаваат, беше договорено во текот на мај да се оствари уште една средба на највисоко ниво на која ќе се утврдат нови детали за подобрување на соработката меѓу систем-операторите на двете земји. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *