Писмена реакција за Законот за двојазичност

Почитувани,

Во врска со вчерашната одлука на владејачкото мнозинство на сила да го изгласаат Законот за двојазичност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонија после вчерашното срамно газење на Уставот е поделена како со нож. Од една страна е Македонскиот народ кој е изневерен, а на другата страна остана една уценета структура која заради гола власт прифати срамен политички пазар. Сите оние кои вчера гласаа за да официјализираат терор на едно малцинство врз Македонскиот народ, ќе мора да се соочат со сопствената одговорност. Квалификацијата за вчерашното политичко насилство е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

Ги прашуваме пратениците на СДСМ зошто со истиот жар не побараат од Талат Џафери и ДУИ на да се спроведе попис? До кога ќе дозволуваме една структура да ја распродава Татковината? Исполнувањето на уцените на ДУИ е одработување за Грчките радикали кои сега уште поагресивно ќе го оспоруваат Македонскиот национален идентитет.

Не треба да се чека одлуката на Уставниот Суд. Доколку не се суди по политички диктат несомнено е дека Законот ќе биде прогласен за противуставен.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Ниту една функција не е и не смее да биде поважна од иднината на Македонскиот народ! Македонската Алијанса ја поздравува најавата на Претседателот Ѓорѓе Иванов по втор пат да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за двојазичност.

Да бев на ваше место, во ниту еден момент немаше да размислувам како да постапам. Функцијата и должноста која ја извршувате во моментов, ве става во улога на еден од последните браници на Уставот и правното функционирање на Државните институции. Затоа, дури и по цена порано да ви заврши мандатот сега е моментот да се стави стоп на раздавањето на Македонскиот национален идентитет.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *