ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите со ретки болести се соочуваат со недостиг од лекови

Половина година СДС е на власт. Половина година голгота за пациентите со ретки болести.

Власта се однесува крајно неодговорно кон пациентите со ретки болести, кои со доаѓањето на СДС на власт се соочуваат со недостаток на лекови.

Пациентите болни од ретките болести како цистична фиброза, скапите лекови се принудени да ги набавуваат од странство на сопствена сметка, додека оние кои немаат средства да ги набават овие скапи лекови се оставени да преживуваат без нив.

Скандалозно е Министерството за здравство во 21 век да не може да обезбеди нормален дотур на медикаменти неопходни за животот на луѓето болни од цистична фиброза.

Власта си поигрува со животите на болните. 6 месеци здравството е во хаос. Нема лекови ни за биолошко лекување на рак, кои пациентите исто така се принудени да ги снабдуваат приватно. Во здравството владее општ хаос, а нема никаква реакција од владата. Владата и е побитно да се задолжува за една милијарда евра и да ги пренасочува средствата за зголемување на патните и дневни расходи, отколку здравјето на луѓето.

Заменикот министер Гоце Чакаровски и државниот секретар Владимир Милошев од СДС исто така молчат и не превземаат ништо во насока на помагање на нашите сограѓани болни од овие болести.

Владата, министерството за здравство, како и Чакаровски и Милошев мора да сносат одговорност за ова неодговорно однесување и поигрување со животите на болните од ретки болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *