Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана.
Министерката Петровска, во ова прилика ја истакна посветеноста за континуитет во развојот на одбранбените способности на Северна Македонија, со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата.
Таа уште еднаш ја истакна цврстата определба на Северна Македонија за долгорочно и стабилно финансирање на одбранбените трошоци согласно заклучоците од Самитот на Алијансата во Велс и достигнување нивото на средства од 2 отсто од БДП за одбраната до 2024 година.
Воедно, министерката додаде дека се работи во континуитет на реформите во одбраната и посочи дека е достигнатото ниво од над 30 отсто од Буџетот за одбраната наменети за модернизација и опремување на вооружените сили преку набавка на нова опрема.
– Министерството за одбрана посветено работи на развојот на целите на способности и свесни сме за предизвиците, посебно во контекст на новата безбедносна ситуација во Европа, рече министерката Петровска.