Ковачевски: Започна енергетската трансформација за обезбедување чиста енергија и енергетска независност

Целта загадувачките производители на електрична енергија да ги замениме со обновливи извори на електрична енергија, а тоа го правиме преку инвестиции во капацитети кои ќе произведуваат чиста и зелена енергија, како овој на локацијата на поранешниот рудник „Осломеј“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа каков е планот на Владата за инвестирање во енергетиката согласно Зелената агенда на ЕУ и во услови на светска криза, при денешната посета на 10-мегаватната фотонапонска централа „Осломеј 1“.

Тој потсети дека веќе е донесе одлука и за влегување како држава во проектот во Александропули кој што е меѓународен проект во Грција заедно со Бугарија и нашата земја.

–  Таму веќе имаме донесено одлука за закуп на количини на ЛНГ кои што преку интерконекторот кој што исто така е во изградба преку Грција до нашата држава ќе се транспортира тој гас, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата посочи дека, дополнително се работи за уште една конекција со Бугарија за природен гас која што ќе овозможи доволни количини на природен гас во државата за да може исто така да се влезе и во инвестиции на гасни централи. За ова, како што додаде, веќе има интерес од странски инвеститори, но и ЕСМ работи на проект, односно на студии кои што ќе овозможат дел од капацитетите кои што ги има за производство на електрична енергија да бидат трансформирани во производство на електрична енергија на база на природен гас.

– Сето тоа е навистина еден комплетен проект, добро осмислен во согласно со стратегијата на државата за енергетска транзиција до 2040 година, во Владата веќе работи тим кој што работи на проектите нормално заедно со потенцијалните инвеститори и изведувачи на работите, реномирани меѓународни компании и јас верувам дека доколку сите дадат се од себе како што дадоа се од себе оние кои што работеа на овој проект дека ќе се гледаме на уште вакви настани на пуштање на централи од обновливи извори на енергија. Тоа е патот напред и тоа е патот на транзиција и производство на електрична енергија за една земја која што сака да оди напред, а Република Северна Македонија е земја која оди напред, рече Ковачевски.

Премиерот потсети дека освен инвестициите во „Осломеј“, преговори се водат со германскиот ВПД, еден од најголемите светски производители на електрична енергија од ветер и со АКИ од Франција еден од најголемите исто така светски производители на сончева енергија за конкретни проекти кои што се со големина од 900 мегавати.

Тој најави и дека во Битола се подготвува изградба на уште една фотоволтаична централа, во финална фаза на подготовка односно на отпочнување со градежни работи се и инвестициите на инвеститори од Словенија и од Бугарија кои што пред две години ги добија локациите за производство на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *