Стејт департмент: Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан

Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, изјавил претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД се загрижени за информациите од Бугарија дека постои ризик Западен Балкан да стане регион на нестабилност поради делување на руски агенти.

Бугарскиот премиер Кирил Петков пред неколку дена предупреди дека Бугарската државна агенција за национална безбедност истражува шпиони кои работат против разбирање меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и против европската иднина на Западниот Балкан.

– Нема што да споделиме за коментарите на премиерот Петков. Би ве упатиле до Владата на Бугарија. Во однос на стабилноста во регионот на Западен Балкан, руските обиди да се промовира политички раздор не се нови. Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, се вели во изјавата на портпарол на Стејт департментот.

На прашањето дали САД очекуваат до крајот на француското претседателство со Европската Унија да се тргне бугарското вето и да се постигне договор меѓу Скопје и Софија, од Стејт департментот одговориле дека Вашингтон продолжува да ги поддржуваме ЕУ аспирациите на сите земји од Западен Балкан.

– Ги поздравуваме напорите на владите на Северна Македонија и Бугарија за решавање на ова прашање, велат од америнаксиот Стејт департмент.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *