ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ КАКО ДОМА

Името и делото на Георги Томов е тесно поврзано со неговата втора татковина, Соединетите Американски држави (САД). Америка, земјата во која се живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок На голем број Македонците и другите доселеницие ветената земја.Таа е сојузна република сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 сојузни држави и еден сојузен округ. Заедно со Аљаска и Хаваите, таа е една од најголемите во светот, во која живеат над 250 милиони жители. 

Георги (Џорџ) Томов го создаде познатиот ансамбл на народни игри и ора “ТОМОВ” во Њѕјорк, во Соединетите Американски Држави, кој настапувал и одржувал турнеи во целиот свет. Тој, исто така, раководел со Фолклорниот ансамбл “Гоце Делчев” при Македонската православна црква Свети Кирил и Методиј. Формирал и голем центар за народни игри и песни во Њујорк. Томов, без ничија помош, на меѓународно поле промовирал добра волја и разбирање низ поврзувањето на културите на Америка и Македонија, како и на државите од поранешна Југославија и на Балканот.

Инаку, најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Русија од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, потоа има бројно црнечко население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Македонија и други народи.

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во Сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има над три милиони жители. Други важни метрполи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства.

Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките Мисисипи, Мисури, Рио Гранде, Колорадо и други.

Во историскиот преглед се вели дека најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европјаните на Северно-американскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристифор Колумбо ја откри Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на 16 век почнаа да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војна со Индијанците.

1m112

Прва англиска колонија е Вирџинија, формирана во 1584 година, потоа Масачусетс во 1620 година, а во 1614 година е формирана Нова Холандија, со главниот град Нов Амстердам, кој во 1664 година се преименува во Њујорк.

САД имаат бурна и богата историја од своето формирање до денес. Така, покрај борбите со Индијанците, во 1775 година почнаа првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почна борбата на Северно-американскиот континент за независност.  Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија ја призна независноста на САД, со што настанаа крупни промени не само во САД, туку и во целиот свет. САД ги потресе Граѓанската војна од 1861 до 1865, потоа светската економска криза 1929-35 , Втората светска војна, особено војната со Јапонија и употребата на томското оружје над Хирошима и Нагасаки до Виетнам и денешната криза во Ирак.

САД, заедно со Канада е една од водечките сили во тешката, лесната, прехранбената, земјоделската, автомобилската и воената светска сила 

Македонците во прекуокеанските земји, особено во САД, во изминатиот период биле тесно поврзани со традициите. Затоа, тие често се населувале на порано формираните македонски етнички населби. Таму, во светските метрополи, македонските доселеници постигнале забележителни резултати во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто. Нивните постигања на економски, образовен и културен план, во голема мерка, придонесувале тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен дел во новата средина, познати и признати од домашниот фактор и од другите етнички групи.

Голем број  на деловни луѓе од македонско потекло низ светот постигнале евидентни резултати. Ваквиот напредок, пред сe’, придонесува за нивната општествена афирмација и поповолен третман во средините каде живеат, однесувајќи се кон нив како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунацио­налните општества во САД, Канада и во други земји.

Свој придонес на овој план има Македонската православна црква која игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата така и во светот. Тоа е особено изразено со конституирањето на Република Македонија, по обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква направи силен пробив меѓу православните Македонци во држават аи меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија како и меѓу Македонците во Европската унија (западно-европските земји).

Според најновите податоци Македонската православна црква има над 2000. религиозни објекти само во Република Македонија; цркви, манастири, параклиси, капели, теолошко образовни институции, библиотеки и други административни згради, а повеќе од 70 цркви и манастири се изградени во САД, Канада и Австралија и во Европската унија (поранешни западно-европски земји).

Тоа особено дојде до израз по конституирањето на Република Македонија во 1944 година, која македонските иселеници од сите делови на Македонија ја прифатија како своја национална држава и еден дел од Македонија. Овој историски чин на создавањето на македонската државност, со своите атрибути: држава, народ, јазик, вера, историја, култура, литература, наука, фолклор, традиции и други карактеристики.

Подоцна и со прогласувањето на Македонската православна црква и на нејзината автокефалност, значеше огромна пресвртница кај голем дел Македонци, заблудени од пропагандите на соседните земји. Тоа, всушност, беше почеток на едно ново време и просперитетен период за Македонците во САД, каде цели 40 години живее и твори Георги Томов.

Во најголемиот број црковни општини се организирани посебни неделни училишта каде се учи мајчиниот македонски јазик, национална историја, географија и верска поука. Исто така, во црковните општини е развиен систем на секции како на пример: литературна, фолклорна, спортска, готварска и др. Се печатат голем број весници, списанија, билтени други публикации, а се емитуваат телевизиски и радио програми кои играат непроценлива улога во збогатувањето на сите активности на македонските емигранти.

1m113

 

Инаку, Македонците во Њу Џерси се собираат во Македонските православни цркви “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув, во “Св. Никола” во Тотова и во првиот македонски православен манастир “Св. Ѓорѓи” во Рандолф, а во градот Њујорк е во изградба црквата “Св. Климент Охридски”.

Георги Томов со своите играорци имал бројни настапи во сите пригодни македонски сали, но најповеќе во манастирот “Св. Ѓорѓи” и во новата сала во “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув. Исто така, тој има активно учество во сите македонски асоцијации во Њујорк и Њу Џерси. Македонските православни цркви, друштва и асоцијации имаат посебно место во историскиот развој на Македонците во САД, а со тоа се и дел од широкиот историски опус на Георги Томов.

Тој беше многу активен во македонската заедница во државата Њу Џерси, која е од другата страна на градот Њујорк, преку реката Хадсон. Таа се протега долж брегот на Атлантикот, чиј главен град е Трентон. Таа е една од првите сојузни држави на САД, во која се доселило бројно македонско иселеништво. Денес Македонците во Њу Џерси се организирани во три македонски православни црковни општини и во бројни други асоцијации.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *