ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН 

Бошко Рајчовски-Пелистерски од втората декада на минатиот век живее и работотеше во Соединетите Американски Држави, во главниот град на државата Мичиген–Детроит и во Лодердеј, Флорида. Целосна претстава за него може да се добие само под еден услов: ако низ проекцијата за Рајчовци се прекрши родното огниште Љубојно, Преспанско како негов атар и Македонија како Татковина. Американските пријатели на Бошко  и неговите нови генерации, но, и оние во Татковината го знаат и паметат по неговите средби, илинденски успеси, веселби, среќни мигови доживеани особено во летниот период. 

По мојот повеќегодишен ангажман во проучувањето на македон­ското иселеништво, кој ми овозможи да објавам голем број трудови од оваа област, последниве години моето внимание се’ повеќе го преоку­пираат успешните Македонци во дијаспората, чиј број не е мал. Зашто тие му даваат своевиден белег на овој стар македонски печалбарски феномен. И не само заради спецификите на миграционите движења во светот, особено во минатиот век, туку поради фактот што Македонците, неза­висно на кои светски меридијани ќе се најдат, отфрлени од вековната македонска голгота, му даваат посебен белег на општествата во кои се интегрирале.

Еден од таквите Македонци кој цел живталка по светот е, секако  мојот почитуван другар од детството, соработник и пријател Бошко Рајчовски-Пелистерски од преспанското прчалбарско село Љубојно. Тој македонски иселеник во САД, во државата Мичиген и во Флорида. Бошко и неговото семејство минале низ сите фази на македонското распетие во целиот дваесетти век, исполнет со настани типични за вековната борба на Македонецот, не само во неговата стара татковина, туку и на сите светски иселенички меридијани. Тој остана доследен на својата вековна македонска национална припадност, на своите корени, а во исто време приврзаник и почитувач на втората татковина- Америка.

Анализата на неговиот бурен животен пат, токму од многубројните причини и последици, ни го открива неговиот свет во планетарни размери. Притоа, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните родокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги вградуваат во сите делови на нашата галаксија, по кои светот и не препознава.

1f1212 Панорама на Љубојно

Поаѓајќи од овој факт, историјата на било кое македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на нашето вековно цивилизациско битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти. Затоа, обидот да напишам монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски, во мојата истражувачка работа за македонското иселеништво, претставува значајно постигнување на тој сложен пат.

А животната приказна на љубанецот во Детроит и Флорида се потпира на фактографија која извира од животниот опус на тие наши луѓе со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија. Стариот крај, како често нашенците милуваат да качат, кој,  и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно чекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциони процеси.

Не случајно, Бошко љубојнчанецот, гордоста на  мајката Сандра и таткото Мијал, го носи презимето кое во себе го содржи зборот – Рај. Токму така, Бошко  Рајчовски, Пелистерски, е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско име,  кому  му се посветени  страниците на оваа монографија. Книгата како траен документариум, како трајно сведоштво го овековечува  богатиот личен и семеен  летопис на овој  познат нашинец, кому корените му се од Љубојно, младост младува  и са замомчува  во еријата  Преспанска и делумно во Битола, но животот натаму му се одвива преселнички, детроитски, американски.

Монографијата за Бошко Рајчовски-Пелистерски од авторот Славе Катин беше промовирана на јубилејните 35. по ред „Љубански илинденски иселенички средби“ што се одржаа на 1 и 2 август 2008 година, во Љубојно. Промовирањето на ова значајно и по многу нешта единствено дело,  беше дел од културното иселеничко збиднување во текот на илинденските празнувања во Преспа и Македонија, забележала новинарката Фиданка Танаскова.

Инаку, во неговата монографија, меѓу другото е забележано, дека во детството Бошко Рајчовски-Пелистерски многу пати се искачувал  накај  густата гора над Љубојно, во „коријата“ кон  „Свети Атанас“ и „Свети Петар и Павле“. Мали му беа тие ридови, тесни му беа тие атари, мечтаел да види што ли има отаде таа висока планина, што има отаде таа граница. Тој не мрднувал од собата кога се зборувало за  Македонците од другата страна на вишната гора во Герман, Раби и понатаму кон Костур, а оттаму и во Америка.

1f1213

Тој и како ученик во Основното училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, бил забележителен меѓу учениците, меѓу младинците. А во тие повоени години во Љубојно, а особено во училиштето вриело како во кошница, ги имало со стотици од Љубојно, Брајчино, Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и дури од Сливница.

Во тие младешки години, Бошко умееше да се повлече некаде сам низ куќата или дворот и со книгата в раце, напросто да ги голта оние бајки и сказни, но и книги од историјата, кои ја развивале богатата детска фантазија.

Исто така, во монографијата е забележано дека Бошко заминал во Америка кога имал 19 години, значи во цутот на младоста. Уште тогаш многу фамилии од селото Љубојно биле заминати во Детроит, така што тој имал роднини и пријатели кои му се нашле во моментите кога требало да ја преброди носталгијата. По некоја година во Детроит дошле и неговите најблиски, родителите и сестра му и тоа уште повеќе му го олеснило животот во далечната туѓина.

Целиот работен век го поминал во автомобилската индустрија „Крајслер“, работел на машини, а бидејќи компанијата имала многу поволни бенефиции за вработените, по 30 години работа ги исполнил условите за пензија и така, од неговата 51 година до денес е пензионер. Тоа му овозможило во изминатиот период редовно, секое лето, да доаѓа во Македонија.

Бошко Рајчовски е член на организацијата „Обединети македонски Американци од Детроит“ (ОМАД), која е формирана во март 2010 година, а чиј претседател е адвокатот Том Бајов. Во почетокот, целта на групата иселеници од сите делови на Македонија била, да се обединат македонските цркви во областа на Детроит за снимањето на документарниот филм „Име си е име“. Денес, пак, со својата многузначајна мисија и оригиналните, патриотски и благородни иницијативи, работејќи во интерес на македонскиот народ, оваа организација стекнува респектирано име и углед во државата Мичиген и пошироко.

Исто така, Бошко е еден од основачите на друштвото „Љубојно“ во Детроит, кое еднаш годишно на празникот Свети Атанас (летен), обично на 15 мај, (најблиската сабота или недела) организира пикник, како сеќавање на селската слава, која вековно се одржувала во манастирот „Свети Атанас“. На тој ден се организира и игранка, на која се покануваат сите Македонци доселеници во Детроит, а, исто така, и љубанчани од другите делови на Америка.

Бошко Рајчовски-Пелистерски бил организатор на голем број културни настани, средби, концерти и дружења на нашите луѓе во овој дел на американската држава. Во новото катче доаѓањето на гости од Македонија стана традиција, и нема да се заборават концертите, на пример, на Кочо Петровски, Александар Сариевски, Виолета Томовска, Васка Илиева, и многу, многу други звучни имиња на македонската естрада.

Исто така, од Клубот што го формира Бошко и академикот Димитар Митрев беше еден од угледните поканети гости, заедно со многу други познати личности од академскиот живот  и творечкиот опфат, потоа истакнатиот поет Љубен Ташковски, и уште редица многу познати културни дејци.Во тоа време, исто така, за првпат се формира и фолклорна група, која беше собиралиште за младите генерации и расадник за идните фолклористи.

Со успешните фолклорни настапи Македонците се афирмираа пред другите етнички групи и ги собираа симпатиите. Со тоа постепено печалбарскиот живот добива поинтересни димензии и поинтересно  секојдневие.

Повеќе години Бошко Рајчовски-Пелистерски е еден од главните организатори на „Љубанските иселенички средби“ на кои има големо  присуство и гостување на фолклорни групи, ансамбли, истакнати личности од уметничкиот свет и луѓе вљубеници во пишаниот збор. Една од иницијативите е неговата искрена желба да организира „Фолк-фест – Преспа“ во Љубојно. Секогаш со многу чувства и со восхит зборува за Љубојно, за средбите, за Македонија… Тој е голем вљубеник во своето родно место.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *