ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата „Светот на дланка“ е 50. Издание на Славе Катин, во кое се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, и тоа: со 50 двонасочни, или 100 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет во САД во 1965 година и во Канада во 1966 година, па се до 2014 година, потоа трите патувања до Австралија, посетите на: Индија, Емиратите, Средна и Јужна Америка, Европската унија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка.

Публикацијата „Светот на дланка“ има две изданија: едно на „Тримакс“ во 2013 година и едно на „Македонска искра“ во 2014 година, чии рецензентите се проф. д-р Вера Стојчевска–Антиќ и публицистот Ставре Џиков, има 430 страници и е на македонски јазик. Во неа на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, културите и религии донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, потоа градови, интересни споменици на културите на домородното население, со Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците и народите

Во поголемиот број земји во светот што ги посетил Славе Катин живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со запознавањето, истражувањето и афирмацијата на македонските православни цркви, друштва и други асоцијации ширум светот.

Како куриозитет да се спомене е дека по повод 40-годишниот брачен живот на Славе Катин и неговиот  животен сопатник Нада Николовска–Катин, во февруари 2014 година заминаа за Флорида. Од таму, со најголемиот брод на светот наречен „Волшеб-никот на морињата“ ги посетаме Хаити, Јамајка и Мексико и пак да се вратат во Мајами. Потоа со џипот ги прокрстарија источните држави на САД на пат за Торонто, од каде нивното најдолго патување го продолжија за Виена и Скопје.

Неговите патувања во различни земји во светот му беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет. Притоа, имаше можност да посети бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се тој чувствувал како дома..

Во публикацијата „Светот на дланка“ е даден дел од историската неправда, а со тоа и иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија. Тоа  е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на македонскиот народ во иселеништвото за одбрана на нивниот национален идентитет, верата, културата, традициите и обичаите, кои извираат од неговите библиски корени.

Во ресенскиот Сарај на 15 септември 2014 година беше промовирана книгата „Светот на дланка“ на Славе Катин, која промоторот, професор Вера Стојчевска Антиќ, ја нарече „сага на импресии од четириесет земји“. Инаку, едесеттата книга на Катин, кој е од преспанското Љубојно, беше промовирана во Домот на културата „Драги Тозија“, сместен во Ресенскиот Сарај, каде авторот го започнал својот работен век.

Пред ресенската публика проф. Д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Катинги ги претставија и делата на брачниот пар Неда и Алексо Лозановски, кои живеат и творат во Торонто, Канада. И двајцата се Членови на друштвото на писателите на Македонија, долгогодишни учесници на Струшките вечери на поезијата, и едни од основачите на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто. Неда и Алексо, кои зад себе имаат бројни дела, како поетски, така и различни монографии и трудови посветени на Преспа и на Македонија, потекнуваат од преспанско, од селата Штрбово и Арвати.

Публикациите “Светот на дланка”, доживеа голема промоција во Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, Канада на 19-ти октомври 2014 година. Ова дело со иселенички содржини беше промовирано во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” кое е во состав на црквата “Св. Климент Охридски”, а во исто време кога се одржуваше интересната Модна ревија во организација на Женската секција при Црквата. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, за делото зборуваше проф.  Филип Ангеловски, водител и диригент на Црковски хор кој ја отвори

Филип Ангелковски во своето излагање, меѓу другото, истакна дека книгата “Светот на дланка” на публицистот Славе Николовски – Катин се промовира за прв пат на северно – американскиот континент и дека таа претставува репортерско видување, патувачки летопис, документ на хроничарски пристап и фактографска меморија на волшебната имагинација на авторот.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН