ИНТЕРВЈУ НА ЏОРЏ ТОМОВ СО ВЕРА ШВРГОВСКА НА РАДИОТО „ГЛАС ОД ТАТКОВИНАТА“ ВО ЊУЈОРК

Македонскиот радио час “Глас од татковината” беше едно од најзначајните гласила во дијаспората како чувар на македонскиот јазик и афирматор на македонските ора и песни од сите делови на Македонија. Во периодот кога ова радио го водеше госпоѓа Вера Шврговска на програмата беа застапени вести од Македонија, од македонските колонии во Њујорк и Њу Џерси, реклами, поздрави и желби, репортажи, историски осврти и други материјали од областа на фолклорот и музичкото творештво, како и од информативната дејност во двете татковини, САД и Македонија

Во продолжение го презентираме интервјуто што Вера Шврговска го направи со Георги Томов по повод неговиот седумдесетгодишен јубилеј:

„Добро утро, почитувани слушатели. Денес е сабота 22 март, втор пролетен ден, 2003 година. Јас сум Вера Шврговска, а вие го слушате Македонски радио час, повеќе од 31 година со вас.  Слушајте не секоја сабота. Во денешнава емисија ви донесуваме актуелни вести од Република Македонија кои денес ги спонзорира нашиот генерален покровител, уважениот сонародник Георги Томов, по повод двојниотјубилеј: 50 години професионален кореограф и креатор и неговиот 70-ти роденден.

Ансамблот „Томов” го претставува срцето и душата на нашата нација. Ансамблот„Томов”   постави културен мост меѓу нациите. Далечината ја снемува меѓу двата континенти. Ансамблот „Томов” ве пренесува во родниот крај, живописните народни носии, богатите игри од Вардар и од Пирин до Егеј; ви ја исполнува душата, ви го закрепнува телото, ве прави радосни до солзи и носталгични за дома. Ова е само дел од текстовите кои се најдоа на страниците на видните американски и европски весници и списанија во изминатите три децении откако постои ансамблот „Томов”, чиј директор е нашиот реномиран сонародник, господинот Георги Томов.

1am12

Членовите на ансамблот „Томов” ве покануваат на свечена прослава за Георги Томов, во сабота, на 29 март, во 19:30, во новата сала на македонската православна црква Св. Кирил и Методиј, Њу Џерси. Дојдете да му оддадеме заслужена почит на доајенот на македонскиот фолклор во Америка. Во тоа име, почитувани слушатели, денес ќе сознаеме нешто повеќе за нашиот славеник

Пред 70 години во Струмица, Македонија, поточно на 18 март 1933 година се роди Георги Томов, од татко Јован Ангелов-Томов од Крушево и мајка Анета Патарова од Струмица. Има две сестри, Загорка и Марија, покојна, и брат Јанко во Австралија. Во 1944 година целото семејство Томови се преселува во Скопје каде Томов го продолжува своето образование, a 1952 година матурира на Средно-техничкото училиште, шумарско-градежен отсек.

Од 1953 до 1954 година, Георги Томовја посетува школата за резервни офицери во Задар, Хрватска. Во 1955 година се враќа во Македонија. Георги Томов се наоѓа во дилема: до каде е со својата професија? Томов градежен техничар или офицер? Нешто тука не му е чисто во неговиот немирен дух. Постојано се преиспитува што понатаму, каде треба да ја троши својата огромна енергија, да најде поголемо задоволство за неговата обдареност…

Во тоа време во Скопје веќе е формиран фолклорниот ансамбл „ТАНЕЦ” на народни песни и игри. Георги Томов посетува неколку нивни проби и се наоѓа себеси. Нешто му ја исполнува душата. Без двоумење станува негов член во 1955 година и активно учествува во истиот се до 1962 година. Има уметничка дарба и почнува да ги открива тајните на уметноста, таму каде нема границида се создава и да се има своја сатисфакција. Затоа Томов од 1961-62 година студира Виша педагошка академија, отсек уметност и вајарство. Тоа многу го привлекува и во 1963 година оди во градот каде цвета уметноста – Париз и студира кај професорот Родригез. Но, битот на играта и песната постојано го следи.

Во 1963 година, после земјотресот, во Скопје е хаос и одлучува да замине во Загреб каде станува член на познатиот хрватски ансамбл „ЛАДО”. Таму останува се’ до 1967 година. Георги Томов постојано се носи со мислата како да го пренесе богатото фолклорно наследство од балканското поднебје некаде подалеку. Така, во 1967 година ја преминува „големата бара” и се наоѓа во големата светска метропола Њујорк каде, ако се сака, со огромна работа може многу да се направи.

Во 1967 година Томов конечно е во Њујорк и набрзо ги запознава, во тоа време, неколкуте македонски семејства и во 1968 година е еден од организаторите на првото друштво на овие простори – Mace­donian Society of New York. Георги Томов во 1974 година во Њујорк го формира првиот фолклорен ансамбл овде и, се разбира, го именува „Томов”. He му беше тешко на Георги да ги убеди Американците да станат негови игроороци кои се восхитуваа на автентичноста на играта и песната што тој им ја пренесе.

Во изминативе скоро три децении, Томов ќе одржи 284 концерти по Америка, неколку пати во Македонија каде учествува на Илинденските денови и разни други манифестации во многу градови во Македонија, а, секако, и во неговата родна Струмица, што Георги Томовја ја напушти уште во 1944. Срцето му беше полно кога ги виде своите сограѓани, преку 15 илјади, кои дојдоа да ги видат Американците на Георги, како тој ги научил да играат поубаво од нив, струмичаните.

1am14

Томов со пријателки

Тогаш им беше јасно на неговите сограѓани дека фолклорот на Балканот никогаш нема да изумре зашто и тој што го напушта тој Балкан, со себе го носи културното наследство на својот народ и гордо го пренесува во светот. А тоа најдобро го знае нашиот гостин овде кој пет децении целосно се посветува на афирмацијата на богатото културно наследство на својот народ.

Георги Томов од 1973 година држи предавања за фолклорот и организира изложби на носии и инструменти по разни факултети, музеи и други институции ширум Америка. Од позначајните ја споменувам изложбата во Музејот на природна историја (Museum of Natural History) vo Њујорк.

Bo 1975 година Томов ja формира Фондацијата Folk Dance и е нејзин претседател. Оваа културна организација е во рамките на културните активности во државата Њујорк. Георги Томов е коорганизатор, активен уметнички раководител и кореограф на фолклорната група „Гоце Делчев” при Маке-донската православна црква Св. Кирил и Методи во Њу Џерси. Георги Томов е коорганизатор на Американскиот совет на славистичкото наследство (Slavic Heritage Counsil of America) kade ja претставува македонската заедница и е постојан член во Бордот на директори. Коорганизатор и прв претседател на Македонското движење за човекови prava (Macedonian Human Rights Mo vement) од Њу Џерси и Североисточна Америка.

Од 1975-82 година тој отвора училиште за изучување на фолклор на Јунион сквер (Union Square) во Менхетен. Го издава „Фолклорни погледи” (Folk View), списание за фолклор, носии и обичаи. Во 1986 година креира специјална кореографија за завршната церемонија по повод 100-годишнината од Статуата на слободата (Statue of Liberty). Bo ’90-та година, неговите игроорци ќе настапат во официјалната церемонија за новото отворање на Островот Елис (Elis Island).

Георги Томов кореографира за ансамбли по Америка. Ќе споменеме само некои: „Живели” од Коломбос, Охајо, „Свадба” од Питсбург, потоа кореографирал за Виенската оперската куќа (Vienna Opera House) од Њујорк, односно за претставата „Царојевичи” која се изведе во Линколн центарот во Њујорк.

Ансамблот „Томов” постигнува кулуминација во 1980 година кога учествува на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид во државата Њујорк. Георги Томов е дизајнер на костимите за „12-та ноќ” од Шекспир, дадена на Масачусетс Институтот за технологија. Ансамблот „Томов” ќе се најде на „Страниците на Карнеги хол”, по повод настапот во Карнеги на 15 мај 1988 година кога преку 80 играорци, музичари и пејачи се претставија пред американската публика со бисерите на македонскиот фолклор.

Во 1991 година, македонскиот Национален архив во Скопја основа фондација „Георги Томов – фолклорист”, оддавајќи му признание за големата културна активност во Америка. За својата петдецениска активна работа добил безброј награди и признанија, како и Star of Harmony, вредно признание од Обединетите организации во Њујорк. Добива благодарница од Македонската православна црква, односно Американско-канадско-македонската епархија, за придонесот и ширењето на македонската култура во Америка, како и за изведбата на „Милениумскиот ораториум” за Црковниот с-бор во Хамилтон во 2000 година, додека Министерството за иселеништво му го додели медалот на Св. Јован Кукузел. Во април 2001 година Георги Томов ќе добие и признание од Американскиот конгрес. А, како член на„ТАНЕЦ”, Георги Томов секогаш настапувал во друштво на македонските легенди како што се Васка Илиева, Александар Сариевски и други,

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН