Груби-Брнс: Партнерството со САД е од витално значење за нашата земја

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите
Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнс.

Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнс разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница.

Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.

-Тие разменија мислења и за отворениот спор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата Владата на Република Северна Македонија да го задржи реформскиот курс, се вели во денешното соопштение. 

Првиот вицепремиер Груби ја информирал амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект во државата, важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од добро познатата Американска компанија Бехтел Енка.

Груби ја елаборирал заложбата на Владата на Република Северна Македонија за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Истовремено, Груби пред Брнс ја изразил и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата.

Амбасадорката Брнс, пак, нагласила дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *