Петровска на вонреден состанок на НАTO министри за одбрана во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата.

На денешниот вонреден состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ.

Како што најавија од МО, на состанокот ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *