Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прескокна точката за законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32. седница. Наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.
Претходно, во процедурална забелешка Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се расправа за законот за јазиците и седницата биде прекината, а Комисијата за мандатно-имунитени прашања да расправа за сите аспкети поврзани нивнита над 35.500 амандмани.
Димовски посочи дека нивните амандмани се однесуваат само на 19-те членови за кои претседателот на државата укажал дека се неуставни.
По изгласувањето на измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во скратена постапка и на Законот за плати и други надоместоци на избрани и други лица (прво читање), Џафери објави редовна пауза.
Пред седницата, беа одржани координативни средби на пратенчките групи со лидерите на нивните партии во врска со законот за јазиците.