Министерката Петровска во Лондон на средба со британскиот министер за одбрана Бен Валас

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството, престојува во официјална посета на Обединетото Кралство и на британското Министерство за одбрана.

Во Лондон, министерката Петровска ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министер за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас.

На официјалната средба ќе и претходи церемонија за пречек со високи воени почести, во чии рамки британскиот воен оркестар ќе ја изведе и македонската песна „Јовано, Јованке“, соопшто МО.

Петровска во рамките на посетата ќе се сретне и со генерал потполковник Роберт Магован, заменик-командант на Стратегиската команда, како и со Дејвид Куари, заменик-национален советник за безбедност.

Во пресрет на официјалната посета, вчера министерката Петровска во Лондон се сретна со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, сер Стјуард Пич, а учествуваше и на тркалезна маса посветена на современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз Западниот Балкан, организирана од кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute). Петровска се сретна и со Алисиа Херберт, специјална пратеничка на министерката за надворешни работи и министерка за жени и еднаквост во британската влада, Лиз Трас, а во британскиот Парламент имаше и работна вечера со Мартин Викерс, член на Парламентот и претседавач на сепартиската парламентарна група за Северна Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *