Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР, врачена му е вербална нота

Рускиот амбасадор во државава Сергеј Баздникин денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи, потврдија од МНР за МИА.

Како што велат од МНР, на амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота, поради тоа што Руската Федерација ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји.

Претходно, Владата на Руската Федерација денеска одобри список на странски држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани, јавија руските медиуми.

На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија.

Земјите и териториите споменати во списокот воведоа или им се придружија на санкциите против Русија по почетокот на руската инвазија врз Украина.

На брифингот со новинарите денеска, прашан за последиците од фактот што Москва ја стави државава на листата на непријателски земји, шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека нашата позиција кон Руската Федерација во котекст на оваа агресија е јасно искажана и манифестирана и дека ќе се придружиме кон сите одлуки на ЕУ за осуда, но и за дефинирање на односот што ќе го имаме со Руската Федерација и оти сето тоа ќе се прави во координација со ЕУ а не врз основа на билатерална одлука.

 

2 thoughts on “Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР, врачена му е вербална нота

  1. Hey! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get
    my site to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
    If you know of any please share. Many thanks! You can read similar
    article here: Auto Approve List

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *