РАЗЛИКИТЕ И ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЕЛИНИТЕ И ВАРВАРИТЕ (14)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Додека ги набљудуваме почетоците на мирното и тивко навлегување на античката грчка култура на Исток, како и во Италија и во Картагена на Запад, идејата за национална војна на обединетите антички Грци против Персија се разви во исто време и беше многу пропагирана.

Оваа панелинистичка идеја, како што ние ја нарекуваме суштествената црта на тоа движење, е од фундаментално значење за да се сфатат Филип Втори Македонски  и Александар Трети Македонски. Бидејќи тоа беа тие кои, во интерес на својата политика, најпосле го прифатија тој концепт и во свој стил почнаа да го извршуваат. Старата мисла на спротивност помеѓу Елин и варварин поттикна нов начин на живеење.

Во големата Персиска војна дојде до израз тоа силно самосвесно национално чувство што во голема мера придонесе за огромното зголемување на нацијата во петтиот век. Оваа спротивност беше намалена и ја почувствуваа оние што се бореа да ја одвратат војната на античките Грци, а тоа дојде до израз по 412 година, кога Персија повторно почна да се меша во внатрешните работи на Античка Грција. Тој пат на античките Грци не беше погрешен. Во меѓувреме софистите, почнувајќи од законот на природата, прокламираа еднаквост кај сите луѓе, a co тоа и на Елините и варварите.
Тоа го бараше времето и ги натера луѓето да ја прифатат панелинистичката идеја. Прв кој јавно ја прокламираше оваа идеја беше елоквентниот Горгија, кој кога античките Грци беа собрани на Олимписките игри – за жал, не знаеме точно во која година – ги наговори да се сложат („Хомоноиа”) да војуваат против Персија и ги повика да ги изберат не античките грчки градови, туку територијата на варварите како награда за оние што се бореа.

Таа војна за освојување на Персија бараше брзо обединување на античките Грци. Панелинистичката програма на Горгија беше брзо пренесена од реторичарите по него, a e оправдана затоа што тоа го зголеми интересот ќај народот. Тоа најпрво беше издигнато до историско значење од Исократ, ученик на Горгија, чие огромно значење како политички писател не беше до скоро признато, и покрај тоа што неговата ораторска способност никогаш не беше доведена во прашање.

Во 380 година, шест години по Кралскиот мир, тој го создаде своето дело „Панегирик”,ремек дело на епидеиктичката ораторија, што ја потврди неговата слава како прв политички писател на тоа време. По форма тоа беше говор пред Олимпискиот празничен собир, по моделот на Горгија, а реално тоа беше памфлет кој циркулираше и се читаше низ цела Античка Грција.
Од панелинистичката програма за помирување на античките Грци со цел да се обедини националната борба против Персија, Исократ одговори на прашањето што не беше поставено од неговите претходници: кој требаше да ја поведе оваа војна. Исократ ги посочи Атина и Спарта. Меѓутоа, поради големите услуги што Атина и‘ ги даде на Елада, тој побара најпосле да се каже дека Атина има поголемо право на самостојно раководење. Се разбира, Атина мора прво да воспостави поголема контрола на морињата, a co тоа гледиште тој многу итро ја даде идејата за нова Атичка поморска лига.

Тој ја оправдуваше националната борба, која, како и Горгија, ја сметаше за војна на освојување, не само заради материјалните резултати на победата – богатството од териториите во Азија би било пренесено во Античка Грција. Co тоа би се надминала бедата во Елада, коренот на сите крвави караници.
Од гледиштето, пак, на националната чест, срамниот Кралски мир би бил поништен, a Елините во Мала Азија би биле ослободени. Крајниот благодет од војната, меѓутоа, би било тоа што со поделбата на опасноста и добивките античките Грци за себе би добиле сигурен и постојан мир.

Пропагандата на Исократ беше извонредно успешна, исто колку и заинтересираноста на Атина како нова поморска сила. Три години подоцна, и секако поради влијанието што тој го имаше врз јавното мислење, беше формирана втората Атичка военопоморска лига. Од друга страна, пак, идејата за смирување на Атина и Спарта и поделбата на управувањето на копното и на морето, што тој со одушевување го докажа, беше сметано како утопија.
Сепак беше понесфатливо дека Спарта ќе се откаже од примарноста во раководењето. Во наредните години, откако антагонизмите на водечките држави се зголемија, Исократ наскоро призна дека Елада не ќе има внатрешен мир, па затоа таа ги исполнува условите за општа национална војна. Партикуларизмот претставен со идејата за слободен и независен полис беше многу длабоко всаден кај античките Грци.

Така Исократ, како и многу други, како што видовме, се сврте кон монархиско решение и сред елинскиот свет се сметаше за силен човек кој не беше врзан со законите и конституцијата на полисот, туку имаше сила и склоност кон панелинистичката идеја. Тој им ја претстави својата програма поединечно на неколку владетели, на Јасон од Фера, моќниот обединувач на Тесалија, на кого му беше дадена доверба во војната со Персија, а потоа на Дионис I, најголемиот владетел на Запад. Но, првиот од споменативе наскоро беше убиен (370), а вториот, за кого ваквите планови беа многу туѓи, умре во 367 година.
Исократ, меѓутоа, можеше да чека. Наспроти неговите разочарувања, наспроти неговите одрекувања од Атичката поморска сила во свечениот говор „На мирот” од 355 година, до што беше доведен по пропаста на Социјалната војна, тој жилаво се поврза со панелинистичката идеја. Во меѓувреме, тој живееше да ја види силната експанзија на Македонија на чело со кралот Филип Втори Македонски и почувствува дека таму на север се раѓа една нова сила.

Во 346 година, меѓутоа, кога по многу години војна Атина го склучи Мирот на Филократ со Филип Македонски врз основа на статус кво, старецот тогаш имаше деведесет години – со големо задоволство од обновата на мирот, го зеде перото и во своето дело „Филип” напиша отворено писмо до кралот, ставајќи ја пред него својата панелинистичка програма со покана да ги помири Елините и да ги води против Персија, традиционалниот непријател. Кој беше тој Филип Втори Македонски во кого Исократ се надеваше дека ќе му се исполнат желбите?

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *