Тркалезна маса за медиумските слободи

Тркалезна маса посветена на слободата на изразувањето и медиумските слободи „Има ли слобода во Македонија“, ќе се одржи денеска во организација на ЦИВИЛ – Центарот за слобода.

Во изминатите пет месеци, организацијата го спроведе проектот „Од разбирање до одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи“ во кој учествуваа над 60 лица од медиумската сфера и граѓанското општество, како и стотина граѓани.

Тие одговараа на прашања дали во Македонија има слобода на изразувањето, дали им веруваат на медиумите и каква е нивната перцепција за независноста на медиумите.

Претставници на ЦИВИЛ ќе ги презентираат анализата и препораките во сферата на медиумите и слободата на изразувањето.

Проектот е финансиран од ЕУ преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија, од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *