МОНАРХИЈАТА – СИСТЕМ НА ВЛАДЕЕЊЕ КАЈ ЕЛИНИТЕ – АНТИЧКИТЕ ГРЦИ (12)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Најлошо беше пропаѓањето на старата идеја на државата што еднаш ги инспирира граѓаните со гордо сознание дека нивна највисока и благородна обврска е да ја бранат својата држава со својот имот и со својата крв. Државата стана се‘ повеќе почитувана и поддржувана институција, чија главна задача беше да ги убеди граѓаните за можниот лесен и удобен живот и да им организира величествени фестивали.

Така, во Атина, по спомнатиот неславен крај на социјалната војна во педесеттите години, неизбежен резултат беше еден пацифизам, кој ја напушти политиката на империјалната сила, поттикнувајќи ги и зголемувајќи ги материјалните интереси.

Но, идејата на полисот не само што ослабе во тешката борба за живот, туку беше разнишана и од теориите на водечките интелектуалци. Индивидуализмот проповедан од софистите во далеку поинтензивната интелектуална револуција на петтиот век, повеќе го јакнеше чувството што дотогаш преовладуваше кај припадниците на државата.

На највисоката вредност на животот, според законите што беа донесени за граѓаните на полисот, и се противставија софистит, ги оспорија природните права на единката и ги прогласија законите како конвенции на луѓето.
Прокламирајќи го правото на посилниот, тие удрија на корените на полисот. Колку опасно би било оживотворувањето на овие доктрини во практиката, се покажа од намерните настојувања на Алкибијад да изигрува супермен.

Сократ, се разбира, се бореше за оддалечување од таа доктрина, но додека неговите барања за професионална обука на граѓаните и за формирање на власт од експерти, одговараше за целосна трансформација на древниот полис, вистинското пропаѓање на полисот, што се случи во четвртиот век, водеше само кон зајакнување на индивидуализмот и напуштање на идејата да управува државата.

Концептот според кој личноста е доволна сама за себе со своето знаење и моралност и нема потреба од државата, го доведе Сократовиот Антистен, основачот на циничното училиште, синот на Тракијка која не можеше да стане граѓанка на Атина, до идеалот за една целосна заедница на човечкиот род.

И така се појави космополитската идеја, која понатаму ја разви неговиот ученик Диоген од Синоп, кој го искова зборот космополити, „граѓани на светот”. Таа фатална фраза со својата волшебност трае до денешни дни.
Меѓутоа, светската империја создадена од Александар Трети Македонски беше поинаква од овој космополитизам. Нема сомнение дека оваа идеја на циниците беше еден од елементите со кои се карактеризира четвртиот век, кој го подготви елинистичкото мислење за универзалната империја.

Во античките грчки полиси имаше реакција против идејата за индивидуална склоност. Се појавија многу мислители, кои, и покрај негативното чувство кон тогашната држава, не ја негираа идејата за држава, туку сакаа да ги лекуваат душевните болести на полисите со предлагање реформи.

Најрешителна и најрадикална е извонредната творба, што Платон, најславниот Атињанин од тоа време, ја изгради во своето дело „Република” во кое го зацрта идеалот на државата и правдата.

Подоцна, тој беше приморан да согледа дека таа конструкција беше единствена што одговара на боговите, а на крајот од животот тој ја претстави новата идеална слика, земајќи го повеќе предвид вистинскиот свет, ја стави во „Законите” најнапред точно правната кохезија што ја отфрли во „Република”.

Иако почетоците и заклучоците на теориите се разликуваа во голема мера, многумина се сложија со идејата дека монархијата е идеална форма на власт. Ова пробудување на монархистичката идеја е едно од влијанијата кои го трасираа патот на Филип Втори Македонски  и Александар Трети Македонски во Античка Грција.

Тоа може да произлезе и од индивидуализмот на петтиот век. Во практиката тоа беше унапредено не само со смалувањето на полисот, туку и со појавата на здрави закони на периферијата на античкиот грчкиот свет, кои ги штитеа или ги прошируваа античките грчки интереси, како Дионис I од Сиракуза, кој ги заштити западните антички Грци од Картагена, или Јасон од Фера, моќниот господар на Тесалија, на кого многу се сметаше, па дури и Еугора од Кипар.
Првиот од теоретичарите што дојде до монархистичкото решение беше гореспомнатиот циник Антистен. Тоа беше последица на неговите погледи што ги најде во циничкиот модел на еден совршено умен човек, чии идеали водат во овој свет на здружено човештво. Стилот на времето беше да се погледа во минатото за да се најде основата за потребите на иднината, па така Антистен го претстави Херакле како митски шаблон, кој со своите постојани услуги беше добродетел на човештвото.

Од историјата на светот Антистен го избра великиот Кирус, основачот на Ахеменидската империја и го прикажа како да го познаваа и персиските легенди, како идеален монарх кој се грижеше за своите потчинети, како татко за своите деца, или како овчар за своето стадо.

Исто така, Ксенофон во својата „Киропедија” го претставува Кирус како иден антички грчки освојувач на Азија, како идеал на светски владетел. Така ја презентираше монархијата како правилна форма на владеење, бидејќи таа сама – спротивно на мрачното механичко изедначување на демократите – знаеше како да ги пресмета индивидуалните постигнувања.

Платон во својата „Политика” го изнесе идеалот на апсолутната монархија на мудриот човек, кој можеше тешко да се реализира, и на крајот во своето дело „Закони” тој му даде предимство на ограничувањето на монархијата со закони и на конституционалното управување. Колку силен интерес чувствуваше кон монархијата како вистинско постоење покажуваат неговите повторни посети на Сиракуза и неговите ревносни но и заразни напори да ја облагороди нејзината власт.

Во успешните години Исократ, големиот политички памфлетист, се здружи со оние што во монархијата видоа лек за мизеријата. Во неговите пишани преписи до киприотскиот принц Никокле (во седумдесеттите години од четвртиот век) тој зборуваше сосема јасно за предностите на монархијата, но тврдеше дека самите антички Грци не би можеле да поднесат крал. Токму оваа монархиска идеја го доведе до неговиот крај.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН