Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Претседателот Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата, објави Пендаровски на социјалната мрежа Твитер.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

– Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015, напиша Ковачевски на Твитер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *