Се обезбедуваат достапни сервиси за граѓаните, продолжува децентрализацијата, се отвора можност за дополнителни 100 милиони евра за рамномерен развој на општините.
Со предавањето на софтверскиот систем е-Градежно земјиште на Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС), а понатаму и до општините во Република Македонија, Владата предводена од СДСМ го продолжува процесот на децентрализација на Република Македонија и овозможува достапни сервиси за граѓаните.
Програмата е-Градежно земјиште ќе им овозможи на граѓаните да ја спроведат целата постапка по поднесени барања за отуѓување, за давање на долготраен и краткотраен закуп, за давање на право на трајно користење, за пренесување на право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија
Тоа ќе придонесе кон забрзување на сите постапки поврзани со овие прашања, општините ќе бидат пофлексибилни и посветени да им излезат в пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, а истовремено ќе биде и охрабрување за сите инвеститори, бидејќи првите чекори во постапките за идни градби ќе се решаваат на локално ниво.
Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на зголемување на степенот на децентрализација и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа.
Целосното спроведување на Законот за рамномерен регионален развој освен што ќе значи поголеми надлежности за општините во областите на образованието, здравството, културата и земјоделството, ќе отвори и можност за дополнителни 100 милиони евра за општините.
Со дополителните средства, општините ќе бидат помогнати да пружаат навремени и ефикасни услуги и да бидат достапни локални сервиси коишто ќе работат во интерес на сите граѓани.