Пендаровски свика седница на Советот за безбедност за актуелната политичка и безбедносна состојба

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски  седница ќе одржи Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштаб от на Армијата на Република Северна Македонија.

 

One thought on “Пендаровски свика седница на Советот за безбедност за актуелната политичка и безбедносна состојба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *