ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА

Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава  oд делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“на Ристо Стефов (Chris Stefou), писател кој живее и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес.

 Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо Стефов е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија.

Во дел од седмата глава на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека очекувајќи веднаш да биде нападнат, Дариј наредил да се формира борбениот ред и да чека. Откако ја проценил ситуацијата, Александар решил да не нападне и ги влогорил своите војници околу четири километри подалеку од кампот на Дариј. Тоа попладне Александар им наредил на своите луѓе да се одморат и да спијат во текот на ноќта. Луѓето на Дариј, очекувајќи да бидат нападнати во било кое време, стоеле будни и подготвени цела ноќ.

Наредното утро, на 1 октомври 331 година пред Христа, Александар, со добро одморената армија, се приближил од север, но забележал дека неговото десно крило е прекратко за да му парира на непријателското. За да компензира, продолжил да го растегнува својот ред, но и неговиот противник продолжил да ги следи неговите потези. Но, Дариј се плашел дека ако се движи премногу далеку од расчистениот терен, ќе ја компромитира мобилноста на своите борбени коли, и наредил јуриш, односно напад.

Борбените коли навалиле да го заобиколат Александар, но луѓето на Александар биле подготвени. Стрелците нападнале први и ги уништиле повеќето возачи на бојните коли, додека фронталниот боен ред на Александар брзо формирал колони за да им дозволат на забрзаните коли да поминат.

2ales9Битката на Гавгамела

Фатени во стапица од колоните војници и неспособни да маневрираат, коњите биле совладани од страна на Александровите коњоводци, ефикасно онеспособувајќи ги борбените коли. Сега, како што двата борбени реда се приближувале еден кон друг, Александар забележал една празнина на персиската лева страна и барал можност да преземе офанзива.

Водејќи ги своите компањони, тој скршнал, се втурнал во празнината и почнал да навалува кон центарот. Фалангата, исто така, навалила силно кон центарот, збивајќи ја битката кон Дариј. Исплашен од тој ненадеен жесток напад, Дариј ја свртел  својата борбена кола назад и побегнал. Неговите гардисти формирале еден заштитен круг околу него, но и тие, исто така, побегнале. Во негово отсуство, неговите војници во центарот и левите крила тргнале по истиот пат. Како битката кај Ис да се повторува. Дариј го напуштил бојното поле пред битката да биде решена.

Брзото движење на фалангата во центарот на Александровата формација, довела до создавање на празнина во македонскиот борбен ред, која можела да биде искористена од страна на непријателот. Но, наместо да го стегнат обрачот околу тој борбен ред, недисциплинираните Персијци и нивните сојузници навалиле да го пљачкаат кампот на Александар. Во мигот кога непријателот се раздвоил, Александровиот втор борбен ред стапил на сцена и започнале да јуришаат и да ги гонат пљачкашите.

Во меѓувреме, Парменион имал проблеми и испратил да го викнат Александар да му помогне. Дотогаш, компањоните на Александар се пробиле низ непријателските линии и само што започнале да го гонат Дариј. Колку и да сакал да го фати, Александар не можел да ја остави битката без свое присуство. Иако многу разочаран, им наредил на своите компањони да се свртат назад и почнале да се пробиваат кон Парменион, но само за да налетаат на пљачкашите кои бегале.

Коњицата била вовлечена во крвава борба, бидејќи непријателските војници, фатени во стапица, очајнички се бореле за своите животи. Додека Александар стасал кај Парменион, битката веќе била завршена. Парменион убедливо ги совладал напаѓачите и сега бил слободен. За жал, слободен бил и Дариј. Тоа било вторпат како Александар бил лишен од можноста да постигне целосна победа со фаќање на Дариј.

Дури и пред да заврши битката кај Гавгамела, Александар дејствуал брзо и испратил претходница во Суса /Susa/ за да стигне до богатството пред тоа да биде ограбено.

Откако ја добил битката, Александар тргнал во потрага по Дариј и јавал во текот на ноќта. Не можејќи да го најде, наредниот ден се вратил во Гавгамела (Арбела /Arbela/) за да ги ожнее плодовите од својата победа и да ги закопа своите мртви.

Се проценува дека непријателот загубил помеѓу педесет и шеесет илјади вијници, додека македонските  загуби биле проценети на помалку од една илјада војници. Кога се се смирило, победата на Александар била прославена со закопување на паднатите борци, со церемонии на давање подароци и со изгласување на Александар, со акламација, за крал на Азија.

Сигурен дека персиската закана завршила, за да ја олабави тензијата дома, Александар ја олабавил и својата цврста контрола врз градовите-држави давајќи им автономност. Бидејќи ги поразил Персијците, Александар повеќе не се плашел од сојузот помеѓу градовите-држави и Персија, но не можел целосно да ги одбие спартанските закани во потенцијално запаливиот Пелопонез.

Набрзо по својата победа, Александар ја напуштил Арбела и го продолжил патувањето на југ кон Вавилон, очекувајќи да наиде на отпор од преживеаната персиска армија. Но, на негово изненадување, истиот персиски намесник кој жестоко се борел против Парменион во Гавгамела, сега излегол со своите синови за мирно да го поздрави Александар и да му го предаде градот.

Она што било поизненадувачки, било тоа што не излегле само градските лидери да го поздрават нивниот нов крал, туку тоа го сторило и целото население. Тие ги украсиле улиците со венци и цвеќиња за да им посакаат добредојде на Македонците. Како и Египќаните, и Вавилонците го виделе Александар не како освојувач, туку како ослободител. Александар бил повеќе од среќен да го прифати суверенитетот врз Вавилон кога Вавилонците му го понудиле тоа нему.

2ales10

Влегувањето на Александар Македонски во Вавилон

Дури отишол и чекор подалеку, и големиот град го претворил во посебно кралство со своја сопствена религија, традиција и цивилна влада. Како и во Египет, Александар назначил локален намесник за шеф на цивилната влада, додека воените, финансиските и даночните одговорности останале во рацете на Македонците.

Вавилонската приказна, за жал, не била целосно среќна. Според Мајкл Вуд, постојат новооткриени вавилонски текстови кои кажуваат дека не сите во Вавилон биле среќни со Александар и со тоа што тој го пљачкосувал нивниот свет.

Откако останал во Вавилон околу еден месец, Александар тргнал за Суса, на 25 ноември 331 година пред Христа. Додека патувал, добил вест дека неговата претходница, која била испратена претходно да го обезбеди градот и да го присвои богатството, успешно ја завршила својата мисија. Како и Вавилон, и градот Суса се предал без борба, а големото складиште со богатството на персискиот крал било негибнато.

Дариј, се’ уште имал останато доволно богатство да купи мала држава или, како што вели Мајкл Вуд, богатство еднакво на националниот приход на Атинската Империја од петтиот век, за 150 години. Се проценува дека освен скапоцените камења, исто така, биле откриени 40.000 сребрени таланти и 9.000 златни дарии (пари) кои паднале во рацете на Александар. Навистина, Александар бил среќен човек.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *