СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „21. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНО – НАУЧНИ СРЕДБИ“ ВО НОВАЦИ

1les12

На 13. Ноември 2021 година во Новаци се одржаа „21. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на проф. д-р Златко Жоглев и наградата “Златен клас за македонски вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“, се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.

Иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности, создавани на почвата на оваа општина или создадени и се создаваат од личности кои потекнуваат од неа.

Оваа иницијатива е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор.

Извршниот одбор ја организира Првата пелагонска културно-научна средба, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово,

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во иднина.

„Овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 21 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци“, истакна Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

1les123

Инаку, манифестацијата  „Пелагониските културно-научни средби“ ја раководи Совет од повеќе легално избрани личности. Членови на Советот се познати писатели, поети, универзитетски професори и бројни научни творци. Советот на своја седница го анализира творештвото на секој автор. На најстарите и заслужни автори им се доделува  „Повелба за животно дело“. .Овогодишен добитник нанаградата “Повелба за животно дело“ е  проф. д-р Златко Жоглев.

Во 2018 година Советот донесе одлука за воведување на посебно признание „Златен клас за македонски вознес“ кое, вообичаено, се доделува на познати автори кои со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Овогодишен добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ постхумно му беше доделено на поетот Панде Манојлов.

По својата содржина и значење, „Пелагониските културно-научни средби“ одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на цела Република Македонија.

Градењето на мостови на пријателство и соработка е макотрпна, но благородна работа. Мостовите секогаш го поврзувале она што е разделено. Затоа, сите сложно, без разлика на верска, национална или каква и да било друга припадност, на „Пелагонските културно-научни средби“ си подаваат раце едни на други и  градат бескрајни пруги, за да се премостат сите реки и мориња, да се направат мостови, за да врват по нив сите добри луѓе.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 21 година опстојување на  „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

One thought on “СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „21. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНО – НАУЧНИ СРЕДБИ“ ВО НОВАЦИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *