САС на МПЦ – ОА апелира во преговорите со Бугарија да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија апелира до надлежните државни фактори, во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет.

-Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 23 декември 2021 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА.

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА упатуваат и апел до верниците да продолжат да ги почитуваат здравствените мерки за време на претстојните празници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *