ГРИЗМАН СЕ СЕЛИ ВО БАРСЕЛОНА

По завршувањето на оваа фудбалска сезона, францускиот интернационалец кој настапува во Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, најверојатно ќе се пресели во редовите на Барселона.

Имено, Атлетико Мадрид веќе му понуди нов договопр на Гризман, многу поповолен отколку што е сегашниот, но тој одби да ја продолжи верноста кон “јорганџиите” велејќи дека сака нови предизвици во кариерата.

Откупната клаузула на договорот на Гризман изнесува 100 милиони евра, но како што тврдат шпанските медиуми, тоа за гигант како Барселона не е голема пара и луѓето од “Камп Ноу” со нетрпение чекаат да дојде јуни и да ја уплатат сумата.

SHARE