Средба Османи-Ескобар: Благодарност за силната поддршка од САД за почеток на преговори со ЕУ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон.

– Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија.  Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *