САВО КОСТАДИНОВСКИ И НЕГОВАТА ПЕЧАЛБАРСКА ОДИСЕЈА 

Публицистичките постигнувања на  писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија.

Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во иселеништвото. Неговото обемно поетско  и прозно творештво брои над 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како човек со два дома, еден во,Македонија и еден во Германија, тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично, на германски и на македонски јазик. Притоа, неговите дела, особено неговиот роман  наидоја на добар прием кај германските читатели.

Во неговото обемно творештво, посебно место кај читателите  и голем значај во литературата имаат поетските дела: „На Македонија со љубов“, „Јас и Келн“, „Записи од Америка“, со посебна нагласка на собраните поетски дела „Поезија за поезијата“, како и  прозните дела  „Се’ од љубов за Порече и Поречани“, „Појаснување“, „Трите века“, Роден крај со срце“, „Бисера и Филип“ и други.

Исто така, Саво Костадиноски е колекционер на книги, при што формирал уникатен дел од библиотека на книги над 1000 македонски писатели и поети, и од секој од нив има по една книга.Таа вредна библиотека Саво ја подарил на библиотеката на Домот на културата во Македонски Брод.

Саво Костадиновски е познат и признате еден од македонските писатели од дијаспората кој со успех пишува поезија и проза за млади и возрасни, со што со време се стекна да има позабележително место во македонската литература, а исто така со неговото творештво е истакнат, познат и признат и во Германија.

Саво Костадиновски  како писател е еден од најпознатите и најпродуктивните македонски писатели за деца и за возрасни, кој поголемиот дел од својот живот го минува во туѓина, во Германија. Неговата печалбарска „одисеја“ ја почнува уште од најраната младост, и таа негова „жива книга“ ја бележи страница по страница, ја пишува и допишува сè до ден-денешен.

Саво Костадиновски е роден на 30 мај 1950 година во селото Горно Ботуше, Македонски Брод. Во родното село се стекнува со основно образование. Потоа се доселува во Гостивар, каде што го продолжува школувањето. Има за­вр­ше­но (дописно) средно машин­ско тех­нич­ко училиште при Работ­нич­киот уни­вер­зитет „Нов Белград“ во Белград и три степени висок степен за технички инженер, во Келн..

Инаку, роднто место на Саво Костадиновски, селото Горно Ботуше се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар. Селото е планинско, на надморска височина од околу  1.200 метри. Горно Ботуше е сместено на левата страна на помала река, десна притока на Мала Река. Во минатото, селото Ботуше претставувало една целина, поделено на два краеви: Горно и Долно Ботуше, оддалечени едно од друго 3 километри. И во двата дела куќите биле поделени на групи (маала), вообичаено групирани по родови, како што и се нарекувале.

Интересно е да се спомене дека Горно Ботуше во периодот на Илинденското востание имало околу 400 жители  Од Горно Ботушје се иселил голем број од неговото население, така што, селото прераснало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 518 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 44 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото Горно Ботуше имало 22 жители, сите Македонци.

За Саво Костадиновски Ботуше е изворот на животот, почетокот на неговите патишта кон светот, првите допири со природата која како вечен печат да оставила во спомените и ракописите и неижбежно да му служат за инспирација во неговото творештво.Таму е и изворот на првите песни инспириран од убавините на  пејзажите на родното Ботуше, почвата во која пуштил длабоки корени во раната младост. Меѓутоа, детално не се искоренило, тоа Саво го потврдува со неговите десетина книги кои ги напишал за родното Ботуше и природното Порече. 

После отслужувањето на војниот рок во 1970 година, Саво отпатувал на работа во Германија каде што сѐ уште живее во градот Келн. На почетокот откако пристигнал во Германија брзо го совладал германскиот јазик, и како млад човек полн со ентузијазам, почнал да се школува. Во техничкото училиште во Келн заврши трет степен технички инжињер, металска струка.

1sav3214

Црквата „Св. Никола“ во селото Горно Ботуше 

За време на студиите секој годишен одморот го користеше да работи, за да ја подобри сопствената егзистенција. Бил вработен во „Дојче Бундесбан“,со што неговите инпресивни патувања по цела Европа му овозможиле да напише и неколку збирки поезија, со патешествена тематика.

Бидејќи Саво Костадиноски од рано детство тргнал по светот, во неговата поезија како за деца така и за возрасни многу инспиративно се присутни неговите патешествени теми, од Австралија, Америка, Африка, Индија, Кина, Тибет, како и темите по цела Европа до каде што пропатувал. Затоа поезијата му е составен дел од животот; таа му е живот во секојдневието И продолжување на негово животно искуство.

Саво Костадиновски педесет години живее во метрополата Келн, во  Германија. Келн е германски четврти најголем град (по БерлинХамбург и Минхен) и е најголем град, како во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, така и во рамките на метрополитенската област Рајна-Рур, една од главните европски метрополитенски области со повеќе од десет милиони жители.

Во Келн се наоѓа седиштето на католичкиот Келнски архиепископ и   еден од најстарите европски универзитети. Келн е еден од главните културни центри во Рајнската област и има динамична уметничка сцена. Келн е дом на повеќе од 30 музеи и стотици галерии. Келн, исто така, е добро познат по неговите прослави по повод келнскиот карневал, годишниот реге-фестивал Сумерјам и келнскиот геј-прајд.

Саво Костадиновски првата песна  ја напишал како домашна задача во основното училиште „Братство Единство“ во Гостивар, по повод земјотресот во Скопје на 26 јули 1963 година. После таа песна следела низа песни за секоја година по една песна и така со време настаната и збирката „Стихувани годи“, која во 2020 година ја објави.  Тоа било почеток за преку пишаниот збор успеваше да го зачува неговиот македонски мајчин јазик. Но и со време да се догради, а тоа се забележува во неговите книги поезија за возрасни кои пред сѐ во младоста за време на студенските години ги пишувал на германски јазик, за подоцна да ги преведе и препеа на македонски јазик.

Саво Костадиновски ќе напише „Туѓина можеш да смениш, ама родниот крај не можеш да го смениш, тој е еден и единствен“ и дека Македонија е земја на печалбари. Сѐ уште по светов ги има семејствата на Саво, кои останале од неговите пра дедовци, посебно во Австралија каде што завршува лозата на прадедо му Костадин војводата капиданот, така што според неговото презиме Костадиновски скоро сите семејства од Јанкоски се преименувале во Костадиноски. 

Затоа, на Саво морално му се наметнала една голема задача, која успешно и како треба, како „борец со перо в рака “ја исполнува. Задачата за неговите  претци, на трите генерации втемелени во непокорот и истрајот на македонската  држава. Иницијатор на задачата  бил пред се’  професорот Томе Саздов со кого Саво дружел во Келн, во седумдесетите години во минатиот век, а воедно бил и негов студент, додека Саздов бил на Катедрата за словнески јазици.

Саво Костадиновски потекнува од патриотско семејство, неговиот татко Сергеј бил учесник на Сремскиот фронт, а дедо му  Костадин бил комитат како и дедо му Дамјан (по мајка) илинденец. Тоа го поттикнало Саво да го напише романот „Трите века“ , монографијата „Сѐ од љубов за Порече и Поречани“, збирката поезија за млади „Вечен глас“ како и обемната книга „На Македонија со љубов“, во кои провејува храбриот комитски дух на неговите славни предци.

Во неговото творештво посебно место имаат поетските дела: „На Македонија со љубов“, „Јас и Келн“, „Записи од Америка“,како и  прозните дела  „Се’ од љубов за Порече и Поречани“, „Појаснување“, „Трите века“, „Роден крај со срце“ и „Бисера и Филип“

Негови творби се објавувани во списанијат за деца и воз­расни во Македонија. Преведуван е на српски, хрватски, гер­мански и на романски јазик. Застапуван е во лексикони, избори и антологии во Македонија и во Германија.

1sav3216

Како дводомен автор пишува лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За неговите книжевни дела е наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен е во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година, на Сојузот на писателите на Германија од 1993 година и на Сојузот на новинарите и на преведувачите на Македонија од 1995 година.

Добитник е на наградата „Златна грамота“ на Матицата на иселениците на Република  Македонија, доделена во рамките на Струшките вечери на поезијата во 1993 година. Добитник е на „Почесно признание“ (2018) од Синдикатот, во рамките на Сојузот на Германските писатели, по повод 25 годишно членство и соработка.  Од Агенцијата за Иселеништво на Република Македонија, оваа година доби Благодарница за промоцијата на македонската култура и јазик во иселеништво преку пишаниот збор.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *