ДЕЛ ОД НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Сакаме да потенцираме дека македонските програми биле директен превод (збор за збор) од грчките програми. Иако децата учеле на својот маjчин македонски jазик, тие го учеле само она што Грците сакале тие да научат. На македонските наставници не им било дозволено да отстапат од воспоставените програми. Со други зборови, хеленизациjата и грчката пропаганда продолжиле да влиjаат врз македонските деца дури и надвор од грчките граници.

Во 1949 година, броjот на загинатите дома почнал да се зголемува, а извештаите протекувале до камповите за бегалци, каде што децата добивале лоши вести за судбината на своите родители и роднини. Моралот бил на толку ниско ниво, што децата се повлекувале во себе, не сакале да пеjат, да зборуваат, плачат, дури ниту да jадат.

За да го подигнат моралот, маjките-сурогат, кои носеле црнина бидеjќи биле во жалост за смртта на своите мажи, почнале да носат облека во бела и светли бои. За доброто на децата, наспроти својот жал, маjките морале да изгледаат расположени и ставиле маска на весели лица.

Како што се интензивирала Граѓанската војна во Грциjа, така на партизаните им недостасувале регрути во земjата, па затоа почнале да гледаат на децата-бегалци во странство како на потенциjален извор. Иако регрути биле регрутирани од сите кампови во странство, наjброjна борбена сила дошла од Романиjа.

Во почетокот, биле формирани две нови групи и однесени назад за воена обука. Кампањата и пропагандата за регрутирање биле толку примамливи, така што младите не можеле да им одолеат и биле среќни да се јават како доброволци. Сите деца кои биле доволно силни да носат пушки, без оглед на возраста, биле доволно добри да бидат регрутирани.

Првите две групи регрути веднаш биле масакрирани по вовлекувањето во борба со прекалената грчка војска. Сите тие биле помали од петнаесет години, немале борбено искуство и немале никаква претстава што да очекуваат. Третата група заминала од Романиjа и отишла во Рудари, Преспа, преку Бугариjа и Jугославиjа. По пристигнувањето, младите воjници биле испратени во Штрково, друго село во Преспа, на едномесечна воена обука и подготовка за борба.

1ziv12

Црквата Свети Ахил на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро

Младите момчиња поминале дел од март и април l949 година во изведување воени вежби, учеjќи како да ракуваат со оружjе и да поставуваат експлозиви. Кога стигнале вестите дека првите две групи млади борци биле десеткувани, имало големи протести против ваквите злосторства од заедницата: “Ние не ги спасивме нашите деца за вие да можете да ги убивате.”

Третата група била спасена само поради тоа што многу маjки демонстрирале и го кренале својот глас на бес против таквото варварско регрутирање. Групата била демобилизирана пред да стигне на боиштата, така што многу деца биле вратени во камповите за бегалци. На некои им било дозволено да одат дома, но само за повторно да завршат како бегалци во текот на масовниот егзодус во есента 1949 година.

Како што грчката Граѓанска војна се приближувала до својот крај, така западна Егеjска Македониjа била бомбардирана до прав. И партизани и цивили побегнале во Албаниjа за да се спасат. Кога војната завршила, многумина сакале да се вратат, но Грциjа не ги сакала назад. На сите кои доброволно побегнале, не им било дозволено да се вратат, без разлика дали биле виновни за било какво кривично дело или не.

Откако поминале извесно време во камповите во Албаниjа, луѓето на Македониjа, повторно жртва на нечиjа друга војна, станале постоjани воени бегалци и биле испратени во разни земjи од Источниот блок. Пред да заминат, бегалците биле разделени во две групи. Едната, составена главно од партизани-борци, била испратена во СССР. Другата составена, главно, од цивили и помошен персонал на партизаните, била испратена во Полска.

Откако групите биле раздвоени, биле транспортирани до пристаништето Драч /Durasi/, натоварени на карго бродови и испратени на запад преку Гибралтар за Полска и на исток преку Црното Море до Советскиот Соjуз. Патувањата биле долги и неприjатни. За да избегнат да бидат откриени, бегалците, буквално, биле скриени во бродскиот товар, а во критични моменти им било наредено да останат неподвижни и да молчат долго време.

Кога се истовариле на своите дестинации, бегалците биле соблечени, а облеката полна во болви била запалена. Откако биле испрскани со специjален прав и искапени во топли купатила, биле ставени во карантин каде поминале околу еден и пол месец, одморајќи се и ништо не работеjќи, пред да бидат преместени во постоjани живеалишта.

Откако се сместиле и се привикнале на новиот живот и нашле вработување во новите земjи, многу родители почнале да си ги бараат своите деца-бегалци и со помош на властите биле во состоjба да си ги вратат дома. Како резултат на тоа, многу деца ги напуштиле нивните земjи-домаќини и им се придружиле на своите родители во Полска, Советскиот Соjуз, Југoславиjа итн.

Бегалците кои имале роднини во Канада, CAД и во Австралиjа, преку спонзорство правеле обиди и самите да емигрираат и да ги бараат своите деца, или, пак, нивните роднини да ги бараат децата ако емигрирањето не било можно. Во почетокот, “железната завеса” била цврсто спуштенa и било тешко да се распрашуваат, но кога се вклучил Црвениот крст, станало полесно.

Во 1953 година, во текот на конвенциjата на Црвениот крст во Шваjцариjа, прашањето за децата-бегалци од грчката Граѓанска војна било поставено и разни агенции на Црвениот крст се согласиле да соработуваат и да разменуваат информации меѓy себе. Потоа, секој кој барал помош за да ги лоцира изгубените лица во земjите на Источниот блок, не бил одбиен.

Имало случаи кога Македонците навистина имале проблеми со Црвениот крст, но тоа било поради грчки погрешни информации. Кога Црвениот крст отишол да бара бегалци во камповите за бегалци со кои управувале Грци, им било речено дека Македонците биле “емигрантски работници”, а не бегалци. Еве вистински извештај за тоа што и се случило на една Македонка во Полска.

Жената била омилена кај своите колеги и со време станала работник-пример за другите. Таа се квалификувала за платен одмор од еден месец. Кога дошол неjзиниот ред, била испратена во едно луксузно планинско одморалиште. Била сама и не се чувствувала приjатно да оди на други места, но се согласила да отиде и да јa види фреската на Христовото рождество во една локална црква.

1ziv13

Таму се сретнала со две жени кои се посомневале дека таа не е Полjачка и биле љубопитни како таа се нашла таму. По извесен разговор, се воспоставило дека жените биле работнички на Црвениот крст и дека се интересираат да пронаjдат такви како неа. Кога жените дознале дека таа била бегалец, но заинтересирана да се врати дома, и дека многу други биле во слична ситуација, јa охрабриле и јa поттикнале да побара помош.

Тие и дале адреса во Варшава каде можела да се состане со службеници на Црвениот крст и да им јa раскаже својата сториjа. Откако се вратила од одмор, таа и една приjателка отишле во Варшава. По единаесет дена молење и преколнување, неjзината сториjа била слушната.

Службениците биле љубопитни да знаат зошто таа не излегла јавно со својата сториjа кога тие, односно Црвениот крст, биле во службена посета на бегалскиот камп. Како што си припомнува, без неjзино знаење, грчките организатори средиле Македонците да бидат испратени на еднодневно патување токму во деновите кога Црвениот крст службено ги посетувал камповите.

Дури и по се ова, на жената не и било дозволено да замине. Грциjа не ја прифаќала без барање од неjзиниот маж. Неjзиниот маж во тоа време издржувал затворска казна во грчките концентрациони логори. Требало да изминат три години, па во 1954 година таа била во можност да иницира процес за репатриjациjа. Жената стигнала дома во мај 1958 година, но не можела да јa издржи угнетувачката атмосфера и наскоро таа и неjзиното семејство емигрирале во Канада.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН