Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николoски, денеска остварија средба со амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер.

На средбата, како што соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ, се отворија повеќе теми, при што се говореше и за актуелната политичка состојба и за интеграциите на државата во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на економските предизвици при што укажа загриженост и за енергетската криза чии последици се од неадекватното управување на политиките, а тоа го чувствуваат граѓаните на својот грб.

При средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што е наведено во соопштението, посочи дека актуелната влада нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. А, со тоа се наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од актуелната криза.

-Државата не смее да стане заложник на лошите политики на власта и притоа да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и жртва на спорот со Бугарија создаден во време на владата на Зоран Заев, додаде Мицкоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *