Османи ќе учествува на министерскиот совет на ОБСЕ во Стокхолм

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Стокхолм ќе учествува на состанокот на министерскиот совет на ОБСЕ организиран од страна на шведското претседавање со организацијата.

За време на престојот во Стокхолм, како што информираат од МНР, Османи ќе има обраќање на пленарната сесија на советот, како и ќе учествува на настани/состаноци поврзани со главните теми на организацијата.

На маргините на состанокот ќе оствари и бројни средби со свои хомолози од земјите учеснички на ОБСЕ, но и со претставници на Секретаријатот на организацијата.

-Северна Македонија веќе од идната година влегува во ОБСЕ Триото (OSCE Troika) заедно со Шведска, годинешниот и Полска, претседавачот во 2022 година. Следната година Северна Македонија веќе ќе претседава и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како добра можност да се остави белег во пошироки меѓународни рамки, преку залагањето и промоцијата на соработката како двигател на меѓународните односи, наведуваат од МНР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *