Османи – Донфрид: Посветеност за натамошно унапредување на билатералната соработка во сферите од заемен интерес

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, во Рига се сретна со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид при тоа разговарале  за билатералните односи меѓу двете земји,  соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Република Северна Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

-САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји, истакна министерот Османи, соопшти МНР.

Министерот Османи, се додава, нагласувајќи ја важната улога на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава и регион, се заблагодари за континуираната, цврста поддршка од САД на остварување на евро-атланските аспирации на Република Северна Македонија.

-Соговорниците заемно ги оценија билатералните односи меѓу двете земји како исклучително блиски, засновани на стратешко партнерство и соработка, и се договорија во претстојниот период посветено да работат за натамошно унапредување на дијалогот и соработката во сферите од заемен интерес, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *