Сочувство од г.г. Стефан за настраданите во сообраќајката во Бугарија

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан изрази сочуство за настраданите во автобуската несреќа во Бугарија.

– Со жалење ја примивме веста за страотната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде што животот го загубија четириесет и шест патници, меѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, наведува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во сочувството за настраданите во несреќата во Бугарија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *