Руте со поддршка за „Отворен Балкан“ и старт на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан, а процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Северна Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ, констатирале на денешната средба во Скопје претседтаелот на Владата Зоран Заев и премиерот на Холандија Марк Руте, соопшти владината прес-служба.

Заев го информираше Руте и за најновата иницијатива „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која има за цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и бизниси што е комплементарно со пристапниот процес преку кој ќе овозможи подобро да се подготвиме за целосна интеграција во политиките на ЕУ.

Руте кој е во прва официјална посета на некој холандски премиер на Северна Македонија, изрази поддршка за процесот „Отворен Балкан“ и оцени дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот.

Премиерот Заев на средбата го изрази своето и задоволството на Владата од интензивираниот политички дијалог на високо ниво во последните неколку години.

– Холандија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО. Постигнавме силни билатерални врски и развивме соработка во последните 28 години. Дополнително, Холандија стана наш најпосветен поддржувач и на нашите напори за интеграција во ЕУ, истакна Заев.

Тој нагласи дека Владата на Северна Македонија силно ги цени охрабрувачките пораки на холандската поддршка за процесот на интеграција во ЕУ. Беа поздравени и постигнувањата во областа на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото со акцент на потребата од континуирано и посветено спроведување на стандардите и реформските цели на ЕУ.

Заев изрази благодарност и за доследната холандска поддршка во градењето на Северна Македонија како европска демократија, слободно општество и слободна пазарна економија, нагласувајќи дека Холандија е најголемиот билатерален донатор, а Северна Македонија е под холандската конституенца во Светска банка, соопшти прес-службата на Владата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *