ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН
Подготовката на „Англиско-македонски ветеринарен речник“,е во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска – Грубовиќ и д-р Никола Јордановски. Во овој речник, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Рецензенти на ова дело се: Д-р Цветан Мицевски, д-р Михаило Зориќ и д-р Зозо Мургоски
Станува збор за термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата и физиологијата на домашните животни и заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточарските производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, прерабоката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството, се вели во предговорот на овој речник, од неговите автори.
Се знае дека англискиот јазик зафаќа големо просторно подрачје и на него е напишан најголем број стручна и научна литература. Таков е случајот со бројни списанија и разновидни научни и стручни публикации од областа на ветерината, земјоделството и исхраната. Тој е еден од најзначајните јазици во светот. Англискиот јазик е јазикот на науката, техниката, кореспонденцијата, уметноста, бизнисот.
Во последно време во светот бројни научни и стручни дисциплини се развиле во таа мерка што обичните двојазични реченици не можат да ги задоволат нивните потреби. Затоа, речиси во сите земји се печатат посебни двојазични стручни и научни речници и друг вид литература од многубројни научни дисциплини. Во нашата земја, пак, на стручњаците од областа на ветерината и на сродните науки и служби им недостига речник кој ќе им ја олесни работата, пред се, во следењето на литературата и комуницирањето на англиски јазик.
Затоа, овој „Англиско – македонски ветеринарен речник“ е подготвен со цел да пополни една празнина во областа на лексикологијата на ветеринарната наука и да биде помагало на студентите по ветерина и на научните и стручни работници коишто го употребуваат англискиот јазик во областа на ветерината и другите сродни научни дисциплини. Во исто време, речникот може да биде користен во многу домови како потсетник, прирачник и помагало, бидејќи во него се застапени зборови, изрази, термини и поими сврзани со ветеринарната струка и другите блиски науки и области на англиски и на македонски јазик.
„Англиско – македонски ветеринарен речник“, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.
На промоцијата на Речникот во Клубот на новинарите, рецензентите д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски, истакнаа дека оваа значајна публикација на Илинка Грубовиќ, Славе Николовски – Катин и Никола Јордановски, е резултат на нивната долгогодишна практика во преведувачката, научно-стручната и публицистичката дејност, која тие ја остваруваат во земјата и странство. Она што е значајно, е фактот дека овој Англиско-македонски ветеринарен речник, во издание на реномираниот издавач „Матица македонска“, е единствен во македонската ветеринарна лексикографија, очекуван од многу стручни и научни институции и поединци.
„Со оглед дека англиското јазично подрачје е едно од најголемите во светот, разбирливо е што и користената литература е од тоа подрачје. Речникот ќе им биде значајно помагало на оние кои се занимаваат со двојазична лексикографија за изнаоѓање на семантички еквиваленти во македонскиот јазик,“ итакна д-р Зозе Мирговски, професор на Филолошкиот факултет, на промоцијата на ова дело.
Затоа и „Англиско-македонски ветеринарен речник“,во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска – Грубовиќ и д-р Никола Јордановски претставува значаен придонес во областа на ветерината, третирајки зборови, изрази и термини кои се употребуваат во англискиот јазик, да бидат достапни на македонски јазик.
Речникот е подготвен е со цел да пополни празнина во областа на ветеринарната терминологија и да им помога на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазично помагало.
Продолжува
ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН