МОНОГРАФИЈАТА ЗА СОБОРНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

По повод 30-годишниот јубилеј на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ е отпечатено делото Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова, Тоа е едно од значајните изданија на „Свети Климент Охридски“, од Торонто, отпечатено во 1994, на 232 страници, на македонски и англиски јазик, а рецензенти се митрополитот Кирил и Христо Андоновски.

Македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко  претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Тој е национален дом и е најголем центар на раселените од сите делови на етничка Македонија. Црквата е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата

Тоа е постигнато благодарение на демократска Канада која се смета за светски пример на мултикултурно општество. Таа е прва земја во светот која официјално го призна мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната, значајна и доследна недискриминаторска политика. Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик. 

Во 1994 година се појави монографијата за Македонската православна црк­­ва „Свети Климент Охридски“ од Торонто под наслов „Македонски вознес“ чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова. Издавач на ова дело кое излезе во издание на Управата на соборниот храм „Свети Климет Охридски“.

Во својата рецензија за книгата, полошко-кума­нов­ски­­от архиереј, митрополитот Кирил, истакнува дека големиот празник, три­­деценискиот јубилеј на светиот македонски храм „Свети Климент Ох­ридски“ во Торонто е вистински македонски вознес за сите браќа и сес­три од род македонски, за сите имени и безимени кои вградија огромна љубов, дарување, труд и самопрегор во неговите темели и го подигнаа овој прекрасен и најголем соборен храм на северноамериканскиот кон­тинент.

Црквата била и останува да биде симбол на македонското име, непокор, тврдокорност и постоење на далечните прекуокеански про­с­то­ри, во чии двери пулсира една извонредно динамична активност, атрак­­тивна, привлечна и неодминлива за сите генерации Македонци, под­­влекува митрополитот Кирил во предговорот под наслов „Летопис на генерациите“.

Во посветата на монографијата за црквата „Св. Климент Ох­рид­ски“, г.г. Михаил вели:

„ПлодотштогородидрвотопосаденоодсветиКли­­ментОхридскивоМакедонија, доведедосоздавањенаОхрид­­ска­­таархиепископија, којаденеспостоиволицетонаМакедонскатаправо­слав­нацрква. КоренитенатоаСветиклиментоводрвосераширијана­се­каденизцелаМакедонијаисветотистасаадосеверноамериканскиоткон­ти­нент, кадеизникнаеденоднајголемитеинајзначајнидуховно-национал­ниикултурно-просветнихрамовиштомакедонскитеиселеницигоимаат – црквата„СветиКлиментОхридски“воТоронто “.

Промоцијата на ова дело е извршена во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело е промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото на Катин и Танаскова претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

Промоцијата на ова дело е извршена и во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело е промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото на Катин и Танаскова претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална ис­то­риографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

 

One thought on “МОНОГРАФИЈАТА ЗА СОБОРНИОТ ХРАМ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *