ПЕЧАЛБАРСКИОТ КОПНЕЖ НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Книгата „Печалбарски копнеж“е дело на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатено во 1993 година на 156 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. Д-р Томе Саздов и Фиданка Танаскова, автор е Славе Николовски – Катин на своите страници опфаќа вкупно 44 новинарски и публицистички текстови за нашите сонародници – македонски иселеници во Канада и во Соединетите Американски Држави.

Инаку, во публицистички текстови за македонските исе­лени­ци во Америка и Кана­да, Катин раскажува за своите средби и разговори со нив во ма­ке­дон­ските православни цркви, клубови и друш­тва, во овие две го­ле­ми др­­жа­ви на Американскиот континент. Пред нас дефилираат најразлич­ни чо­ве­кови судбини на повеќе генерации маке­донски исе­леници, чии заед­­­нички одлики, како своевидни мотиви во овие рас­ка­жувања, се ностал­­­ги­јата кон родниот крај, врските со старата татко­вина и стреме­жи­­­те за за­чувување на нивниот национален и културен инте­гри­тет“,

Всушност, преку овие свои написи авторот раскажува за своите бројни средби со Македонците во тие две огромни прекуокеански земји. Тие чести средби се резултат на неговите патувања и престои по разни поводи и во подолг временски период, но поголемиот број од овие текстови ги одразуваат најсвежите, неодамнешни контакти, средби и разделби на авторот со македонските иселеници присутни во македонските православни цркви, друштва и друг вид асоцијации во најразлични региони на американските и канадските простори.

За публикацијата „Печалбарски копнеж“  проф. д-р Томе Саздов, претседател на Матицата на иселениците од Македонија е напише:

„Сите застапени текстови, земени заедно, може да се третираат и како една богата, автентична и значајна своевремена хроника на македонското иселеничко живеење во дијаспората, во случајов во Канада и САД. По неодамнешната појава на книгата „Во Австралија како дома“ во издание, исто така, на „Матица Македонска“, авторот Славе Николовски – Катин, со овој свој нов ракопис, всушност, ги заокружува своите репортерски записи и кажувања за печалбарите, а денес и видни граѓани во земјите каде што живеат и работат во попријатни околности, но со ненамалена желба и копнеж почесто да се најдат во прегратките на првата Татковина и дедовска земја – Македонија“, истак­­­нува д-р Томе Саздов во својот предговор кон ова дело..

Со оглед дека публикацијата „Печалбарски копнеж“ се појавува само две годи­ни по осамостојувањето на Македонија, како суверена и независна држа­ва, во неа посебен акцент е даден на заложбите на македонските исе­ле­ници за брза консолидација и успешна трансформација на земјата во демократска држава и нејзината ориентација за вклучување во евро­ат­лантските структури. Во овој историски момент, заедничка и единствена благородна цел на сите Македонци, е развојот на Република Македонија како матица на сите свои чеда, без оглед од кој дел на Македонија по­текнуваат и на кои меридијани тие живеат.

Од тие причини, ова дело на Катин е богата, автентична и значај­на современа хроника на македонското иселеничко двичење во ди­ја­спо­­рата, во случајов во САД и Канада. Всушност, по книгата „Во Ав­стра­лија како дома“, со овој свој нов ракопис, Катин ги заокружува свои­­­те ре­портерски записи и кажувања за бројните македонски иселеници.

На Илинденските средби во ЉУбојно во 2000 година беа промовирани книгите: „Печалбарски копнеж“, „Македонски иселенички паноптикум“ и монографијата за најголемиот донатор од иселеништвото „Атанас Близнаков“ чиј  автор е Славе Николовски – Катин. Пред присутните, на „Полена“ за трите книги и за творештвото на Катин зборуваа проф. д-р Томе Саздов, д-р Петре Лубаровски и Бошко Рајчовски – Пелистерски.

Промоциите на „Полена“ беа со одушевување прифатени од присутните, па како да ги отворија широко вратите „Љубанските илинденски иселенички средби“ да добијат плус една културна димензија која продолжува да се негува сите овие години.

Печалбарсвото на Славе Катин е поврзано со неговото печалбарско Љубојно во Преспа. Тоа е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер, многумина заминале и се задомиле во многу земји од светот, но тие  доаѓаат во родно место,особено за Илинден. Затоа и останала поговорката „Ојш кај ќе ојш, во Љубојно за Илинден дома да си дојш“.

Ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живот, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот  –  средбите и Македонија  да бидат вечни.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *