54 ГОДИНИ ОД ПРОГЛАСУВАЊЕТО АВТОКЕФАЛНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА

На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), е донесена одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија.Одлуката ја соопштил првиот архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. 

Првиот поглавар на Македонската православна црква г. г. Доситеј, чие световно име е Димитрија Стојковски.  целиот  свој живот го посвети  на службата на Црквата. Тој будно го следеше решението на македонското црковно прашање и вложуваше максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. Под негово раководство  е свикан Третиот црковно – народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој Македонската православна црква (МПЦ) е прогласена за афтокефална. 

Инаку, според историскиот развој на Македонската православна црква (денес Македонската православна црква – Охридска архиепископија), пред самиот крај на војната, во 1944 година во селото Горно Врановци, Велешко, беше формиран Иницијативен одбор за нејзино организирање. Во март 1945 година во Скопје, е одржан Првиот црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Оваа одлука била доставена и до Архиерејскиот собор на Српската православна црква (СПЦ), бидејќи пред војната, епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата православна црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна – Српска православна црква.

          1gr1234  г. г. Доситеј

1gr1235г.г. Ангелариј)    

         1gr12356г.г  Гаврил

Тогаш Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифати оваа одлука, заради тоа што во своите понатамошни барања, Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо само како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид, е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ беше избран г. Доситеј.

       1gr1237 г.г. Михаил)                                                      

1gr1238г.г Стефан

 

Притоа, Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година. Таквата Одлука за самостојност на Македонската православна црква (МПЦ) беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на „Свети Мина“ во Скопје, и е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент.

Со тоа, Светиот архиерејски синод на СПЦ ѝ дал самостојност на Македонската православна прква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата „Свети Никола“ во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на Македонската православна црква како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. 

Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и Методиј во црквата  „Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска литургија, на која што служел патријархот московски Алексиј, во сослужение со патријархот српски Герман и Архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

1gr1239

Црквата „Света Софија“ во Охрид

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на „Свети Климент Охридски“ ја прогласува Македонската православна црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква е извршен на Светата архиерејска литургија, отслужена во црквата „Свети Климент Охридски“ на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот архиерејски синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан. 

Инаку, треба да се нагласи дека диецезата на Македонската православна црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Република Македонија. Според точката 17 од образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската православна црква како административен дел од едната, света, соборна и апостолска црква, ќе ги чува Светото писмо, Светото предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската православна црква.

Нејзината девиза е, молејќи се смирено за другите, Македонската православна црква секогаш ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите свети сестрински и помесни православни Цркви, се вели во историјата на Македонцката православна црква.

На 12 ноември 2009 година, Македонската православна црква во своето име ја додала додавката „Охридска архиепископија“, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија. Покрај додавката, МПЦ-ОА извршила и промена во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата Св. Богородица – Перивлепта, била ставена црквата Св. Софија во Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

1gr123040Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Инаку, Македонија е традиционално имигрантско подрачје од каде преселничките движења на македонскиот народ и одењето во прекуокеанските и други земји, се јавуваат кон средината на XIX век. Таквите движења особено се изразени во втората половина на XIX век, кои се познати како печалбарски движења. Тие се со променлив обем и интензитет и траат сè до денес.

Иселувањето од Македонија било, главно, од традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Воденско, Тетовско, Охридско, Солунско, Струшко, Прилепско и други делови на Македонија, тоа се засилило по Илинденското востание, во 1903 година. Меѓутоа, иселувањето на Македонците од својата земја било со засилен интензитет во периодот по поделбата на Македонија, во текот на Балканските војни и Првата светска војна.

По Втората светска војна, особено по поразот на Демократската армија во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од Егејска Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални и социјални права, иселувањето во прекуокеанските земји осетно се засилило. Исто така, со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји од поранешна СФРЈ, дошло до иселување на голем број граѓани на тогашна Социјалистичка Република Македонија. Меѓутоа, големината, динамиката и карактерот на преселничките движења од почетокот па до денес, се различни и по форма и по содржина и соодветствуваат на фактите на општествено-економскиот и политичкиот развој на Македонија, како и на промените во миграциските политики на земјите на доселувањето.

Некои пореални процени зборуваат дека, покрај македонското население во Македонија (1.378.687) – според пописот во 1994 година), во Бугарија живеат повеќе од 300.000 Македонци, во Грција околу 250.000, во Албанија повеќе од 150.000, а во Србија и Црна Гора околу 100.000 Македонци. Исто така, се проценува дека од средината на XIX век па до денес, од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се преселиле од 600 до 700 илјади Македонци.

1gr123411Манастирот Водоча во Струмица

Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне тешко е да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во САД, Канада и во Австралија, живеат околу 600.000 македонски доселеници, од кои околу 150.000 во САД, приближно 150.000 во Канада и повеќе од 300.000 во Австралија и Нов Зеланд, од кои голем број се од егејскиот дел на Македонија и од Република Македонија, а мал број од македонскиот дел во Бугарија (Пиринска Македонија) и во Албанија (Мала Преспа). Исто така, се проценува дека во Европската Унија, Украина, Русија и други земји, живеат повеќе од 200.000 граѓани од македонско потекло.

Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои се нарекуваат потомци од војската на Александар Македонски. Меѓутоа, значајно поглавје во историскиот развој на Македонија во дијаспората е и прашањето на Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотини илјади во Истанбул, Измир, Бурса и во други градови во Турција, како и во земјите на Европската Унија и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, од Горно Врановци, Скопско, Тетовско, Гора, во Косово и Метохија и од други места.

Денес македонските иселеници пред светската јавност и во средините во кои живеат, со гордост ја истакнуваат својата македонска припадност. Уште повеќе благодарение на мултикултурната политика, македонските иселеници, со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, во новите средини тие го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на Република Македонија.

1gr12342Свети Јован Бигорски 

Пред сé, тоа се однесува на културата, литературата, спортот, на прашањата и проблемите од областа на образованието, радиото и телевизијата, социјалната и хуманитарната грижа и други области. Преку културно-просветните, верските и националните форми на собирање во Македонските православни цркви и црковни општини, Македонците, всушност, излегоа од тесните рамки на дејствување и се афирмираат како значајна етничка група во новите средини. Денес во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Европската Унија и во други западноевропските земји постојат, или се во формирање, околу сто македонски православни цркви, црковни општини и манастири. 

Со осамостојувањето, пак, на Република Македонија во суверена и независна држава, како и со паѓањето на Енверовиот режим, беа создадени поволни услови за поголемо поврзување на Македонците, пред сé, во Албанија, а потоа и во други соседни земји. Така, во Албанија се обновени и реновирани православните цркви на Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо, и другите градови и села каде што има македонско население.

Исто така, изградбата на Македонската православна црква „Света Злата Мегленска” започна во селото С’ботско, во близина на Воден (Едеса), е поддржана од голем број иселеници во дијаспората, кои особено потекнуваат од Егејска Македонија.

Се прават напори и во други места во Егејска Македонија да се изградат цркви кои ќе бидат под јурисдикција на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија. Во Бугарија, исто така, се прават обиди за изградба на нови цркви за Македонците во пиринскиот дел на Македонија, кои ќе бидат под јурисдикција на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Слични обиди се прават и во Војводина, Србија каде што живеат голем број Македонци.

Ваквите напори и долгогодишни желби на Македонците во соседните земји на Република Македонија се очекува да се реализираат во времето на покренувањето на новите демократски процеси кои се пренесуваат од земјите на Европската Унија. Со тоа ќе се реши една неправда нанесена од сестринските православни цркви кон македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *