Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ, особено со Охридско-преспанскиот крај. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот. Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период.
Историјата на македонскиот народ во изминатиот долг период секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква. Црквата била таа која го чувала македонскиот народ и организирала голем дел од културната и од уметничката дејност, пред се’ преку градење цркви и манастири.
Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.
Основите на црковното живеење во Преспа ги постави македонскиот цар Самоил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата „Свети Петар и Павле“, а на брегот на Големото Преспанско Езеро, кај селото Нивици е црквата „Света Богородица“.
Затоа со право се вели дека цар Самоил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската што ја држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.
Самоил во Преспа почнал да гради патишта, цркви и други паметници. Така, на островот во Малото Преспанско Езеро, во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите пееле 12 попови. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што инспириран од тамошната црква „Свети Ахил“, решил таква црква да изгради и во Преспа.
Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.
Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново
Денес, христијанското население во сите делови на Преспа го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос… Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква, и други населени места.
Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето, пак, на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.
Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои се додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква и држава.
Притоа се подигнати бројни цркви и манастири, од македонски, преспански камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.
За развојот на средновековната црковна архитектура Преспа, а заедно со неа и селото Љубојно имаат најголемо значење во 10 век, кога истата била центар на државната и духовната власт на Самоиловата држава.
За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации… Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта – Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.
Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.
Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“, чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре – бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.
Исто така, денес, обновените археолошки истражувања на локалитетот на Голем Град на Преспанското Езеро, пак, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров уште во 3-от до 1-от век пред Христа. Откриени се и остатоци од повеќе цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола.
Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс. Целосно била сочувана црквата Свети Петар, а делумно Свети Димитрија.
Затоа, Преспа спаѓа во редот на најживописните подрачја во Македонија. Таа има долга и богата историја. Нејзиното име за првпат се споменува во 9-от век по Христа. Сите историски епохи и сите национални драми овде оставиле длабоки траги, за што сведочат многу историски споменици.
Населението од Преспа, а особено љубанци се верници и страсни приврзаници на христијанската – православна вера. Затоа, уште од дамнина започнале да градат цркви и манастири, кои служеле и служат како најмасовни собиралишта на национално и верско обединување.
Таквата љубов кон верата, кон нацијата, кон сопствената црква и кон Македонија, љубанци заедно со другите Македонци од етничка Македонија ја продолжиле и на новите простори низ светот. Така, со доселувањето во новите средини Македонците станале едни од најактивните луѓе и почнале да градат цркви низ целиот свет, односно онаму каде што се доселиле, особено во Канада, САД И Австралија.
Населението од Преспа, а особено љубанци се верници и страсни приврзаници на христијанската – православна вера. Затоа, уште од дамнина започнале да градат цркви и манастири, кои служеле и служат како најмасовни собиралишта на национално и верско обединување.
Таквата љубов кон верата, кон нацијата, кон сопствената црква и кон Македонија, љубанци заедно со другите Македонци од етничка Македонија ја продолжиле и на новите простори низ светот. Така, со доселувањето во новите средини Македонците станале едни од најактивните луѓе и почнале да градат цркви низ целиот свет, односно онаму каде што се доселиле, особено во Канада, САД И Австралија.
Манастирот „Св.Петар и Павле“
Љубанци како големи верници и страсни приврзаници на христијанската – православна вера, уште со доселувањето во овие предели почнале да градат цркви. (А тоа денес заедно со другите Македонци го прават низ целиот свет.) Црквите од древните времиња служеле и служат како најмасовни собиралишта на верниците.
Денес познати и зачувани цркви со селото има девет. Три во селото, а другите шест го заградуваат селото и по верувањето на постарите мештани го чуваат
Денес во Љубојно има девет познати и зачувани цркви и манастири и три параклиси. Пет цркви се во селото, а другите го заградуваат селото и по верувањето на постарите мештани овие духовни светилишта се чувари на селото, имотот и населението. Љубојно ги има следните цркви и манастири:
1.Црквата „Свети Јован“ е најголема и е централната црква на Љубојно. Таа се наоѓа на сретсело, кај централните гробишта, веднаш под Полената, центарот на Љубојно. Изградена е во 1861 година.
2. Црквата „Света Пречиста“, една од појстарите црковени објекти во Љубојно, која е изградена во 1852 година, веројатно на местото на стара црква. Посветена е на света Богородица.
3. Илинденската црква „Свети Илија“, како што милуваат да ја наречат љубанци, се наоѓа на источната страна на селото, до патот што води кон селото Брајчино.
4. Црквата „Свети Никола“ се наоѓа во селотоИзградена е во XV век што е одбележано на камен на влезот кон олтарчето лево.
5. Манастирската црква „Свети Атанас“ е заштитник на селото и е една од позначајните цркви на љубанци..
6. Манастирот „Свети Петар и Павле“ е еден од поубавите во Преспа. За оваа прекрасна манастирска црква се знае дека е градена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски од Љубојно.
7. Црквата „Света Марена“ се наоѓа на западната страна на селото, на излезот кон Долно Дупени и Наколец.
8. Црквата „Свети Димитрија“ се наоѓа на северозападната страна на селото, на самиот влез во Љубојно, од десната страна на асфалтниот патот за Ресен..
9. Црквата „Света Богородица“ габаритно е малечка и се наоѓа на западната страна на селото, во ливадите на местото викано „Богородица“.
10. Во Љубојно постојат три параклиси, и тоа: „Света Тројца“, која се наоѓа на патот од Ресен кон Љубојно.
11. Параклисот „Света Софија“ е изграден на местото викано „Синец
12. Параклисот „Свети Атанас“, пак, се наоѓа од десната страна на патот од Љубојно кон Брајчино, над Штабот.
Сите овие македонски православни цркви се значаен дел од активностите на Македонците во дијаспората кои потекнуваат од овој преспански крај. Затоа, со право може да се констатира дека црквите во Љубојно, заедно со околу илјадници во Македонија и уште стотина македонски храмови во дијаспората се доказ за постоењето и признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Тие се доказ за постоењето на македонскиот народ и Македонија
Продолжува
Пишува СЛАВЕ КАТИН