СУДБИНАТА НА ПОДЕЛЕНА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА ОД 1939 ДО 1949 ГОДИНА

По завршувањето на Големата војна и на Советската болшевичка револуциjа, големите сили биле во рушевини и започнале долг процес на повторна изградба. Желбите на Русиjа за империjалистички потфати и неjзината опсесиjа за уништување на Отоманското Царство предизвикале големо економско страдање на неjзиниот народ. Додека Македонците на Балканот страдале од денационализациjа и угнетување, светот околу нив се менувал.

Издигнувањето на Ленин на власт ставило крај на руските империjалистички амбиции на Балканот, особено царските желби за анексирање на Цариград и Едрене. Германиjа, од друга страна, огорчена поради неjзиниот претходен пораз, почнала повторно да јa гради својата економиjа. Вознемирени од своите претходни битки со Германиjа, и Франциjа и Британиjа почнале повторно да си ги градат своите економии и воени сили. Германиjа, како поразена страна и како поттикнувач на Големата војна, била присилена да им плаќа надоместок за штетите на победничките држави.

Наспроти сите напори вложени за закрепнување од Големата воjна, економската ситуациjа во Европа се влошувала и го достигнала својот максимум во октомври 1929 година кога берзата во Соединетите Држави крахирала. Економскиот колапс во 30-тите години на ХХ век и “Големата депресиjа” го поларизирала светот на “леви и десни” економски табори. Во левиот спаѓале следбениците на работничката класа и на комунизмот, додека во десниот биле поддржувачите на индустриjата и капитализмот.

Натегањето дали ќе има војна меѓу левицата и десницата го достигнало својот максимум кога во Шпаниjа, во jули 1936 година, избувнала Граѓанската војна. Германиjа јa поддржувала десницата и испратила свои трупи да се борат на cтpаната на шпанската влада. На Германиjа, во тоа време, и било дозволено да има само мала армиjа, па за да јa компензира својата ограничена бројчана способност таа ги фокусирала своите напори кон создавање супер-сила.

Германската мала, но способна армиjа, обучувана во борбени услови и испробана на терен, се очеличила во шпанскиот конфликт. Ова ги oбјаснува неjзините броjни победи во текот на Втората светска воjна. Руското и германското влиjание не ги одминало балканските држави и тие, исто така, го почувствувале натегањето од двата табора.

1kul1233Руски воени личности

За да јa одржи контролата на cвоето кралство, кралот Џорџ II /George II/ ја направил Грција своја диктаторска држава. Во 1936 година, по смртта на грчкиот премиер, генералот Метаксас, министер за војна, бил одреден да биде одговорен за грчките работи.

И додека имало некои изгледи за основни човекови права за македонскиот народ во грчката држава, на почетокот на 20-тите години на ХХ век, овие изгледи изумреле напоредно со тоа бидејќи Грциjа го засилила својот притисок врз Македониjа со имплементирање на порасистичка асимилатоска попитика.

Како тоа да не било доволно, на 18 декември 1936 година, грчката влада издала законска одлука во врска со “Активности против државната безбедност”. Со оваа одлука илjадници Македонци биле уапсени, фрлени во затвори и протерани од својата татковина. Мeѓy другото, Метаксас, на 7 септември 1938 година, со законската одлука бр. 2366 го ставил македонскиот jазик надвор од законот и забранил луѓето да зборуваат на него, наметнуваjќи високи парични казни и казна затвор.

Во 1938 година австралскиот автор Берт Биртлис /Bert Birtles/, во својата книга “Прогонства во Егејот” /Exiles in the Аеgеаn/ напишал: “Во името на ‘хелeнизацијата’, овие луѓе (Македонците) постојано се прогонувани и приведувани за ‘најфантастични’ причини. Начинот на Метаксас да влее вистински националистички дух кај нив, бил сите автохтони топоними да се сменат на грчки jазик и да ја забрани употребата на нивниот маjчин јaзик.

За прикажување и наjмал отпор кон указот – бидејќи и тоа, исто така, било опасност по безбедноста на државата – селаните и оние кои живееле во селата биле прогонувани без судење.” (Стр. 112, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нациjа”).

Штом дошол на власт во грчката држава, Метаксас деjствувал против работничките синдикати и нивните водачи и штраjковите ги прогласил за нелегални. Потоа, се свртел кон угнетување на сета политичка опозиција, ги ставил надвор од законот сите политички партии и ги затворил водачите кои не му јa ветиле својата лоjалност. Комунистичката партиjа, исто така, била ставена надвор од законот и таа преминала во илегала. А и печатот бил строго цензуриран.

Бидеjќи бил воено лице, Метаксас усмерил голем дел од државите финансии за модернизирање на грчката армиjа, и во луѓе и во воено оружjе и опрема. Во областа на образованието, тој повторно ја напишал грчката историjа за да ги поддржи неговите лични идеологии, изjавувајќи дека имало три големи периоди во историjата: класичен период, византиски период и неговиот режим кој тогаш бил познат како “Режимот од четврти август”.

Кормирал нa една Народна младинска организациjа за да ги приближи сите деца од различни социjални класи и обезбедил воена обука за момчињата и домаќинство за дебојчињата. Иако режимот на Метаксас бил идеолошки сличен на oној вo Шпанија и Италиjа, Грците секогаш биле лоjални на Британиjа.

Во Југослaвиjа настаните се развивале на сличен начин како на оние во Грциjа. Откако кралот Александар се прогласил за диктатор на Jугославиjа, во 1929 година, тој го укинал Уставот и своето кралство го поделил на таков начин што Србите ќе бидат мнозинство во сите области.

Тоj, исто така, ги укинал синдикатите и ги укинал личните слободи. Окупираната територија на Македонија од Србија била наречена “Јужна Србија”, а било забрането македонскиот jазик да се зборува на jавни места. Историjата на македонскиот народ и презимињата биле сменети, исто така, за да им се даде српски акцент. И топонимите биле променети и заменети со историски српски имиња.

За разлика од режимот на Метаксас, по 30-тите години на ХХ век, jугословенскиот режим почнал да го релаксира својот цврст притисок и дозволил неофициjално и ограничено користење на македонските диjалекти во Македониjа – на улици, во драмски претстави и во драмски клубови.

1kul124

Во Бугариjа настаните се одвивале по сличен курс како во Jугославиjа и Грциjа. Во мај 1934 година бил извршен воен државен удар, Уставот од 1879 година бил укинат, а политичките организации и синдикатите забранети. Во 1935 година кралот Борис III, во крвав државен удар, го срушил старото диктаторство и го заменил со своето кралско диктаторство.

Бугарските влади од зачнувањето на Буrариjа во 1878 година официjално и непопустливо го негираат постоењето на македонската националност, аргументирајќи дека Македонците се Бугари. Илjадници Македонци, кои низ годините се обидувале да искажат различни гледишта, биле фрлани во затвор или биле прогонувани.

Ставот дека Македонците се Бугари бил искористен да се оправдаат актите на насилна асимилациjа и на Македонците да им се негираат нивните основни човекови права. Уште од неjзиниот почеток во 1878 година, Бугариjа е опседната да јa поседува Македониjа и таа му причинила огромно страдање на македонскиот народ.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *