Соопштение за јавност за ставот на Францускиот Амбасадор Кристијан Тимоние за Законот за двојазичност

Почитувани,

Во врска со ставот на Францускиот Амбасадор, Кристијан Тимоние, кој во интервју за Македонски медиум изјави дека Законот за употреба на јазиците не е дел од реформските приоритети на Македонија и не може да се злоупотребуваат Собраниските процедури со ставање на Европско знаме на проекти кои не се дел од Европската агенда, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса го повикува Вицепремиерот од ДУИ, Бујар Османи да соопшти дали останува на ставот дека тие што се против Законот за двојазичност се против ЕУ и НАТО Алијансата? Ако е така, дали според тие аршини на ДУИ и Јоханес Хан и Кристијан Тимоние се против ЕУ и НАТО Алијансата? Колку пораки треба да му се испратат на Али Ахмети за да конечно разбере дека прави злоупотреби со инсистирањето по секоја цена да се усвои Законот за двојазичност? Свесни ли се од ДУИ дека нашите уважени и почитувани сограѓани Албанци сакаат подобра економска иднина, животен стандард и дека им преку глава да бидат алиби на оние кои преку нивниот грб се богатеа изминативе 15 години како вечни партнери на секоја власт?

Закон за двојазичност е класична политичка уцена и терор на едно малцинство врз Македонскиот народ. Законот нема врска со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Овој закон е само дел од агендата на ДУИ со која се обидува да ги со врати рејтингот кај Албанските гласачи. Сметаме дека функционерите на ДУИ треба да престанат да и прават сопки на Македонија и нејзината иднина. Македонскиот народ тоа не го заслужува. Доста е од изјави дека не се согласуваат со референдум за името, доста е од праксата ниту еден поранешен или актуелен функционер на ДУИ да не одговара за криминал. Нека си ја освежат меморијата и нека се потсетат на Хашките случаи и срамната амнестија во Македонското Собрание, нека им текне како Талат Џафери со читање литература го спречи донесувањето на Законот за бранители. Конечно, пред да продолжат со ултиматумите еднаш нека одговорат зошто во изминативе 15 години додека се власт, ДУИ никогаш не побара од ниту една Албанска Влада да го признае Уставното име на Република Македонија?

БАРАМЕ ПОПИС! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Тврдиме дека противуставниот Закон за двојазичност е напад врз Македонскиот национален идентитет од внатре, и тоа по Грчки терк. Официјална Атина ова го чека за да дополнително го оспорува нашето неспорно право на Македонски јазик. Македонската Алијанса верува со системски решенија. Се додека не се спроведе законски и веродостоен попис, согласно Охридскиот Рамковен Договор, нема никаква основа да се става на маса предлог за воведување на двојазичност.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *