Во последното тримесечје лани од вкупно 953.692 активно население вработени биле 745.206, а невработени 208.486 лица. Стапката на невработеност во истиот период е 21,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на активност во истиот период е 56,8 проценти, а стапката на вработеност 44,3 проценти.
Споредено со последниот квартал во 2016 година се бележи намалување на невработеноста која тогаш изнесувала 23,1 процент, како и зголемување на стапката на вработеност која тогаш изнесувала 43,5 проценти.
Во посочениот период 61,3 проценти од активното работоспособно население биле мажи, а 38,7 биле жени. Од вкупниот број вработени, пак, 61 осто биле мажи, а 39 проценти жени.
Неактивно население во последниот квартал биле вкупно 726.702 лица од кои 256.511 биле мажи, а 470.191 жени.