На годишнината од масакрот во Ваташа, ОМД побара извинување од канцеларијата на бугарскиот цар Симеон Втори

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побара извинување од канцеларијата на цар Симеон Втори кој го слави својот 84 роденден денес, последниот владетел Цар на Бугарија, бидејќи денес се одбележува годишнината од трагичниот масакр во Ваташа кога бугарската армија, која ја окупираше Македонија за време на Втората светска војна, уби 12 млади момчиња Македонци на возраст од 15-28 години од село Ваташа, во Тиквешкиот регион во Македонија.

Слична трагедија наречена масакр во Дабница се случи во септември 1942 година кога 19 мажи беа убиени од бугарската окупаторска армија, во близина на Прилеп.

Овие трагедии и многу други што се случиле за време на владеењето на таткото на царот Симеон, цар Борис Трети, не биле признати ниту извинети од страна на Цар Симеон, семејството Саксобурготски-Гота или денешната бугарска држава.

Претходно во 1943 година, бугарската окупаторска армија собра 98% од македонската еврејска заедница и ги депортираше до нивниот смрт во Треблинка за никогаш повеќе да не се вратат.

ОМД посочи дека извинувањето ќе ја ублажи болката на преживеаните и нивните роднини, и ќе помагни во напорите за помирување меѓу бугарските и македонските држави и народи денес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *