ЗОРАН КАРАПАНЧЕВ – ИНЖИНЕР, НОВИНАР, ФОТОРЕПОРТЕР, ВИДЕОГРАФ, УМЕТНИК, ПУБЛИЦИСТ, АКТИВИСТ…
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА
Зоран Карапанчев е добро познат во македонската заедница во Канада како човек кој е окупиран со уметноста преку фотографирањето, дигиталната уметност и неговите уметнички дела кои се предизвик во социјалното живеење и претставуваат афирмација за широката македонска култура.
Зоран Карапанчев е дел од животот и активностите на македонскате православни црковни општини во Канада, особено на Соборната црква “Св.Климент Охридски” од Торонто и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на Црквата. Исто така, тој со неговата камера „Македонија“ е информатор, видеограф и нераскинлив дел на информативните гласила, на македонските друштва и асоцијации и на општествениот и културниот живот на Македонци од сите делови на Македонија во демократска Канада.
Зоран Карапанчев е роден 1957 година во Скопје. Основното образование го започнува во училиштето “Владимир Илич Ленин”. Потоа школувањето го продолжува во основното училиште “Лазо Трповски” кое го завршува како “Рациновец” , еден од најдобрите ученици од својата генерација во Скопје. Средно училиште завршува во гимназија “Орце Николов”. Во родниот град дипломира на Електротехнички факултет и до доселувањето во Kанада, во 1988 година, работи и живее во Скопје.
Митрополитот Медоди на изложба на Зоран
Од најраните средношколски години, соработува како хонорарен новинар со бројни весници и магазини во Македонија и тогашната Југославија. Така, работи за редакцијата “Детска радост” и редовно сорабортува во списанието “наш Свет” каде има свои редовни рубрики. Од македонските весници треба да се спомнат “Вечер”, Екран”, “Авто Магазин” и “Просветена Жена”. Редовно соработува и со тогашните популарни магазини “Политикин Забавник”, “Здраво”, “Направи Сам”, “Наш Дом” , “АБЦ Технике” и “Фронт”.
Во 1983 година се вработува како професионален новинар во Редакцијата за детска програма на Радио Скопје, кога добива прва национална награда за неговата програмска продукција на традиционалниот Југословенки фестивал на радио станици во Охрид. Од редакцијата “Детска Радост” добива “Благодарница за особен придонес во развојот на печатот за деца во Македонија.”
Својата работна кариера ја продолжува по својата струка како инжинер-раководител на погон за производство на електрични радијатори во “Електротехника”, а потоа како референт за инвестиции, одржување и надгледување на објектите од фаза електрика на некогашната угостителска организација “Метропол” во Скопје. Натамошната кариера и семеeн живот го продолжува во Торонто, Канада, каде што живее и денес.
Во слободно време, член беше на повеќе клубови и секции во Скопје кои ги имавте во составот на „Младинскиот Дом“ и „Народна Техника“, по повод неколку години беше хорист во градскиот хор „Кочо Рацин“. За време на студентските денови се објавува како заинтересира за фотографија Јас го сакам студентскиот фото-клуб „Елема“.
Во 1988 година допатува во Торонто каде што ја запознава својата жена Весна Карапетрова. Набрзо го добиваат и својот син единец Александар.
Во овој град веднаш станува член на црковната заедница при македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде што се зачленува во литературното друштво “Браќа Миладиновци”. За ова друштво технички го подготвува нивното списание “Литературна Мисла” и станува нивен потпретседател. За сето време од своето живеење во Торонто има активна соработка со сите македонски медијуми во овој град, а особено со македонската телевизиска програма “Македонски Корени”, македонскиот весник “Македонија” и македонската радио програма “Обединета Македонија”.
Дел од промоцијата во Македонија
Набрзо по доаѓајнето во Торонто, Зоран започна да работи со својот бизнис „Еј-Би-Си продукција“ за производство на фотографии и видеоснимки што ќе бидат забележани како ден за пензионирањето. За сето тоа време со своето видео и фото камера ги забележа сите најважни македонски спортски натпревари, концерти, годишнини, собири и протести од македонската општина.
За својата повеќегодишна плодна и успешна работа со својот бизнис Зоран Карапанчев во Лас Вегас добива “Интернационалната награда за Креативност во видео продукција WЕVА”, како и “Сертификат за долгогодишна истакната и посветена работа” од македонската телевизијска програма “Македонски Корени” од Торонто со која редовно соработува дваесетина години.
Зоран Карапанчев е голем активист во македонската колонија во Канада. Така, меѓу другото, од неговите активности треба да се одбележи неговата прва изложба на ликовни дела во Македонската катедрална црква „Свети Климент Охридски“во Торонто. Тоа беше културен настан за Македонците за кои премиерно беше претставена неговата уметничка дејност.Тоа беше и дел од активностите за време на деновите на Црковно-народниот собир на Американско-канадско-македонската епархија во Торонто.
Всушност неговата прва официјална изложба на ликовни дела беше презентирана на отварањето на новата “Галерија” која е во состав на просториите на црквата “Св.Климент Охридски” во Торонто, каде беа претставена: неговата ликовната уметност, негови фотографии, дел од поезијата, како дел од активностите во македонската комуната и надовoр од неа, неговите уметнички креации кои се од поголем формат и ги печати на метална архивска хартија.
Посебно место во творештвото на Зоран Карапанчев е, секако, неговата стихозбирка „Недопрени мечти“.Тоа е прво негово поетско дело кое ги отвори портите за натамошната дејнот на овој познат и признат македонски иселеник во Торонто. Промоцијата на ова негово прво дело кое претставува убав пример на една збирка поезија, проследени со бројни фотографии, се одржа во Клубот МКЦ во Скопје на 09.јуни 2019 година.
Рецензент на книгата и гостинка на промоцијата беше познатата телевизиска водителка, магистер Ели Танасковска, која во своето излагање, меѓу другото, рече дека стихозбирката „Недопрени петчи“ е голем прилог и придонес на македонските, а особено на иселеничките литературни остварувања и постигнувања на познат и признат член од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“.
Македонците во Торонто
Модератор на програмата на промоцијата беше Виолета Сековска, а во музичкиот дел настапија Владо и Лени, Ристана Рина Николова. На крајот од промоцијата посетителите, а ги имаше околу 120 души добијат примерок од промовираната книга.
Инаку, во Торонто, Зоран Карапанчев заедно со сограгјанинот Џими Мангов, го востановува “Саемот на македонски бизниси” во Канада и истовремено го објавува првиот Канадско-Македонски бизнис именик.
Од основањето на македонската кугларска лига “Св.Климент Охридски”, која е гранка при истоимената црковна општина во Торонто, тој е нејзин претседател и редовен член.
За сето време на своето живеење Зоран Kарапанчев членува во црковната комуна при Македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде бил член на управниот одбор и редовно помага со своите фото и видео сервиси, како и со администрирање на црковната Facebook страна.
Зоран Карапанчев пензионерските денови ги минува исполнети со разни активности во црковната комуна, како и со администрирање на дузина Facebook и интернет форуми и групи од наширок спектар на интерес: фотографија, аудиофилство, еконoмија и политика, духовност и т.н.
Слободното време Зоран најмногу милува да го минува во посетување на Македонија и патувања низ светот од каде се враќа со бројни фотографии.
Зоран е оженет со Весна Карапанчева која својата професионална кариера за заврши како директорка на училиште во Торонто, а нивниот син Александар Карапанчев дипломира право и сега работи како адвокат по кривично право во истиот град.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН