Средба на премиерот Заев со делегација од Црвениот Крст

Поддршка за измена на неколку законски регулативи кои се однесуваат на работата на Црвениот Крст на Република Македонија, побарал денеска на средбата со п ремиерот Зоран Заев  генералниот секретар на организацијата, Саит Саити.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата заеднички беше констатирано дека оваа хуманитарна организација има клучна улога во општеството, кога е хуманоста во прашање.

– Црвениот Крст и помага на државата, на институциите а од друга страна власта не почитува и не препознава како свој партнер, истакна Саити.

Тој, се наведува, посочил дека со измените во законот за безбедност во сообраќајот, ќе се регулира издавањето на потврдите за прва помош на возачите. Паралелно, смета генералниот секретар на Црвениот Крст, со измените во законот за Црвен Крст во голема мера ќе се зајакнат капацитетите на организацијата. Саити од премиерот Заев побара и Владата да ја измени „Програмата за унапредување на крводарителство“, односно да се зголеми сумата која ја добива Црвениот Крст од буџетот по единица собрана крв.

Премиерот Заев на средбата посака се повеќе да се продлабочува соработката на Црвениот Крст со Владата и со Министерството за труд и социјална политика.

– Владата има голема почит кон Црвениот Крст и неговата работа, во интерес на граѓаните. Ако со измените на овие законски прописи, успееме да го зајакнеме капацитетот на оваа организација, знам дека таа ќе им се најде на сите граѓани, истакна премиерот Заев.

Генералниот секретар Саити, кој на средбата предводеше делегација од организацијата, го запознае премиерот Заев дека Црвениот Крст поседува „сертификат за силно национално друштво“ и вложува постојаните напори за проширување на своите капацитетите со цел – да помага на што поголем број ранливи граѓани, се наведува во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *