Мицкоски: ЕУ стана далечна цел со СДСМ

Загрижувачки се пораките кои стигнаа од Европската унија. Tоа се дека иднината на Западниот Балкан е се понеизвесна, како и тоа дека дури и во 2030-та година не можеме да очекуваме целосна интеграција на Западен Балкан и нашата Македонија во ЕУ. Се сеќавате дека пред само три години СДСМ не убедуваше дека европската иднина е загарантирана и дека датумот само што не сме го добиле, се сеќавате на она слика од авионот пред три години, ние во суштина три години преговараме и само што не сме станале земја членка, ама ние тоа не го знаеме, тоа е само во главата на вмровците, рече Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.

Мицкоски кажа дека не само што со СДСМ нема датум, туку и земјава оди во нова криза во европските интеграции.

– Поради нив ЕУ стана далечна цел. Ни викаа излезете за Европска Македонија – и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваа дека ќе обезбедат бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. Не само што нема ништо од тоа, туку ако може уште воздухот ќе му го наплаќаат на народот, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на случувањата во врска со одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово.

– ДУИ и СДСМ договориле да нема одговорност и вината за 14-те починати луѓе да ја бараат во кабел или полнач за телефон, обвини Мицкоски.

Дури и да е виновна инсталацијата, како што кажа, тогаш одговорност треба да има за тоа, посочувајќи дека министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани се одговорни затоа што „во болницата немало противпожарни апарати и се чувале незаштитени боци со кислород, а болницата изгорела за нецели две минути“.

Додаде дека за ова кога тогаш мора и ќе има одговорност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *