Мицкоски: Ова се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата Македонија

Ова се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата Македонија. Овие избори точно е дека не се парламентарни, но се многу важен тест, каква порака ќе испратите. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Кавадарци, на митинг на оваа партија и нивните коалициони  партнери, пред претстојните локални избори.

-Повеќе од 14.835 проекти од различни области, од различни сфери, за различни потреби на граѓаните. Решенија на реалните потреби, суштинските потреби на граѓаните, најави Мицкоски.

Во проектите, рече, има реконструирање на нови улици, сто градинки, 150 училишта, 150 нови паркови, инвестиции во животната средина, градба и реновирање на објекти од културата, 90 спортски сали за младите, гасификација и многу други проекти.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изборната кампања „Создади нова иднина” ја претстави и во Демир Капија и Неготино. Беа претставени кандидатите за градоначалници и општински советници.

Во своите обраќања пред присутните, Мицкоски се осврна и на, како што рече, лошиот изминат период, најлошото справување со Ковид пандемијата во Европа.

Мицкоски говореше за победа на локалните, нови парламентарни избори и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за подобри денови. Ја претстави изборната програма и рече дека бројните проекти ги опфаќаат сите сфери на животот. Одлуката на овие избори, рече, е кај народот, затоа што народот одлучува за иднината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *