Писмена реакција за објавата на „Катимерини“

Почитувани,

 

Во врска со објавата на Грчкиот весник „Катимерини“ дека е постигнат договор за името, опсегот на употреба и акронимите, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Македонскиот народ гласно бара одговори. Не може од Грчките медиуми да дознаваме што прави актуелната Влада на Република Македонија. Бараме од Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска јавно да се произнесат дали е точно дека прифатиле ново име и механизмите за негова употреба? Доста беше криење! Ако Владата не прави ништо зад грбот на Македонскиот народ, тогаш нема ниту една причина да биде толку таинствена!

 

Македонската Алијанса јасно порачува дека евентуалниот договор меѓу Владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас е јалов и целосно неважечки. Ниту еден лидер, партија или Владина коалиција нема мандат да преговара за името и идентитетот за кои Македонските херои ги положија своите животи.

 

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ!

 

Македонскиот народ не прифаќа никакви нови спогодби. Доста ни е од уцените на Грчките националисти. Не прифаќаме придавки или одредници кои треба да не обезличат како народ. Ние знаеме кои сме – Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Нема никаква правна издржаност да влегуваме во авантура со нови билатерални спогодби. Со пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг е потврдено дека Грција во 2008 ја прекрши Времената Спогодба. Која е логиката да веруваме дека сегашната или идната Влада во Атина воопшто ќе почитува некаков нов договор, кога претходниот не го есапи за правно обврзувачки за нив.

 

Македонската Алијанса ги повикува најодговорните политички партии во Татковината да престанат да ги плашат граѓаните со апокалиптични сценарија. На сите ни е јасно дека без разлика кој е на власт во Грција, тие никогаш нема да отстапат од своите иредентистички позиции, Македонија сега и веднаш да се откаже од името, да го промени Уставот и да прифати нов идентитет. Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори за името да бидат прекинати! Ако сегашниот Државно политички естаблишмент во Татковината заради различни причини нема храброст или знаење како се брани националниот интерес, нека си заминат, бидејќи има кој знае!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *