Мицкоски: Мора да има одговорност за опожарената болница и за изгубените човечки животи

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Тетово информираше дека во селото Нераште заедно со пратеникот Александар Велјановски биле да изразат сочувство и да поразговараат со синовите на жена која беше една од 14те лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница на 8-ми месецов. Тој порача дека мора да има одговорност и како што рече, да се најдат вистинските виновници.

-Бевме во семејството на една од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат тој хорор кој што се случи тој ден. Поразговарав со двајцата синови на мајката која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеаа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење затоа што тоа што го слушнав е навистина тарорно и трагично и болно. Она што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и обврземе и јас како човек е дека оваа работа порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај. Виновниците за ова мора да сносат одговорност, без разлика дали е таа функционална или морална. Во Македонија пречесто се случуваат пожари, пречесто се случуваат порази, кои што сега чинат човечки животи. Ако сега не се сноси одговорност ако нема вина и оставки барем од тие кои се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага ако немаме истрага која ќе даде одговор на многу прашања, кои јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема противпожарна заштита, зошто нема мерење на кислородот, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба и уште многу прашања кои ги поставив а за кои нема одговор, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозоцијата ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да поднесе оставка поради настанот, а рече дека како опозоција ќе преземат чекори на таа тема.

-Навистина кога човек ќе се поистовети со функција и кога себеси ќе се интерпретира со функција тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажна и жална.  Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој замине, а Мицкоски ќе бил премиер тогаш навистина освен она чувство на гадење кое што во овој момент го имам друго немам што да кажам. Додека министерот за здравство кој што е најодговорен за овој случај таму каде што е, до кога неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата не очекуваме непристрастна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе  да зборуваме. Овде треба кривична одговорност, овде треба 10-тина години затвор за тие кои што го дозволиле да се случи .Каква истрага збориме, имаме објект кој без дозвола за употреба е пуштен во употреба. Немаме инсталации за против пожарна заштита. Јас сум инженер констатирам, што треба понатаму да констатираме повеќе, посочи Мицкоски.

На новинарско прашање дали го поддржува утрешниот протест на семејствата на жртвите во Тетово рече дека секој мирен протест со кој на демократски начин ќе се изрази револтот ВМРО-ДПМНЕ и тој лично го поддржуваат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *